АСФАЛТ ДО СИТЕ МАНАСТИРИ

Naesto so magare ili pes so avtomobil do Treskavec

Локалните власти се посветени на обезбедување на патна комуникација до вековните културни богатства како што се значајните манастирски комплекси, но и новите црковни објекти како што се храмот Света Петка во селото Лениште, новата црква во селото Волково и црквата  Света Богородица во месноста Кула. Пристапот до овие божји домови нема само верска , туку и културна, па и туристичка природа. Затоа обезбедена е асфалтна врска со градот. Вложени се милиони евра за лесно стигнување до македонското културно наследство како што е манастирот Трескавец, потоа за Свето Преображение кај селото Зрзе, црквата Свети Никола во селото Манастир во Мариово.

Со асфалтот до познајчаните манастирски комплекси се влијае на развој на манастирскиот туризам и се промовира многустолетната култура на ова подрачје. Државата вложи 16 милиони денари за асфалт до селото Манастир, потоа 24 милиони за селото Волково, за Трескавец, 11 милиони, за манастирот Св. Димитрија во Селце 9 милиони денари, за Лениште 6,6 милиони, за Зрзе 100 милиони денари.

Loading