РЕКОРДЕН ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА

Меѓу 2005 до 2017 година рекордно е намалена невработеноста. Од 25.033, во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица. Или се ангажирани 11.198 лица. Редукцијата се должи на координацијата на АВРМ со Општината. Голем придонес дадоа мерките за, самоврабитување, грантовите и кредитирањата и проектот ,,Македонија вработува 1 и 2,,,. Невработеноста падна и поради отворањето на ТИРЗ кај Алинци каде влезе американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм, а наскоро ќе се активира технологијата на германскиот Акомпласт. Се очекува влез на уште една до две странски компании.

Вработувања има и поради градбата на индустриската зона Прилеп 1, каде веќе функционираат неколку погони, а уште неколку се во градба. Треба да се изградат десетина погони, кои се очекува да вработат околу 1.500 лица. Нови вработувања се очекува и во индустриската зона Прилеп 2, каде веќе се продадени 5 парцели.

Со големите мултинационални компании и проширувањата на домашните компании, стручните училишта ќе се насочат во продукција на кадри за овие компании. Станува збор за нови 2.000 вработувања.

Loading