БИСТА НА МИРЧЕ АЦЕВ ВО АЛЕАТА НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ

markoЛокалните власти ќе постават уште една биста во Алеата на народните херои. Бидејќо народниот херој Мирче Ацев не е меѓу десетте прилепски значајни жртви од Втората светска војна, година се планира поставување на обележје. За годинава е планирана и обнова на Алеата на Паркот. Одамна се заговара поставување на споменик за славната битка на комитите во месноста Ножот кај селото Никодин. Бидејќи битката е симбол на хрброста и жртвувањата за слобода, споменикот ќе биде поставен во централното градско подржаје, најавуваат од локалната самоуправа.

Локалните власти ги респектираат делата и личностите од историјата на градот, а кои оставиле трага на пошироките простори.  Затоа е поставен грандиозен споменик на Крал Марко, по кој градот е препознатлив насекаде во светот. Почит на великаните од Прилеп и нивниот приодонес за денешната слободна, суверена и независна Македонија се демонстираше со паметниците на Кузман Јосифоски – Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Методија Шаторов – Шарло,потоа споменикот посветен на Карпалак и споменикот на Прилепските бранители.

Претходно пак беа поставени и спомениците на Методија Андонов-Ченто и Александар Македонски.

Споменици добија и Пеце Атанасовски, Тоше Проески, Блаже Конески и Круме Кепески. Во старата чаршија поставен споменик на познатиот прилепски лик Итар Пејо.

Се реновираше и меморијалнот музеј 11 Октомври, Участакот, како споменик на културата заштитен со закон. Се преуреди темелно Паркот на Револуцијата. Комплексот од руинирана и запоставена средина прерасна во гордост на градот.

Се изгради и патека на славни прилепчани пред ЦК ,,Марко Цепенков” на која се испишани имињата на голем број наши познати сограѓани.