БУНИШТЕТО ПРЕТВОРЕНО ВО ГРАДИНА

Комуналец вложи 4 милиони евра во градот од 2005 до 2016 година

Прилеп е најчист град во земјава

Вложувања во капела, примерна селекција на отпадот, зеленило…

Polno zelenilo pod saat

ЈКП Комуналец е пример за функционалност на едно јавно претпријатие. Со домаќинското работење, иновативност и упорност, претпријатието прерасна во целина со повеќе дејности и посебни делови кои функционираат според сите европски стандарди.

Еден од најголемите проекти кои се гордост е селекцијата на отпадот. Прилеп стана единствениот град во Македонија со примарна селекција на отпад. Инвестирани се околу 18 милиони денари, сопствени средства и се распределени 15.460 корпи за отпадоци. Тоа е околу 65 отсто од домаќинствата. Освен позитивниот еколошки аспект, претпријатието има одреден финансиски бенефит. Примарната селекција на отпадот е зголемена за околу 30 отсто, а од 2010 година до денес Комуналец продал селектиран материјал над половина милион евра.

Во периодот од 2008 до 2015 година се изградени 400 еколошки острови со 1.200 контејнери за селекција. Инвестицијата од сопствени средства чинеше 15 милиони денари. Со сопствени пари се набавени преси за селекција на отпадот, а се изградени и мини хали за 2 милиони денари.

Во 2013 година набавена е линија за секундарна селекција на отпадот за 14,7 милиони денари. Опремата треба да биде монтирана во халата за секундарна селекција која наскоро ќе се гради кај депонијата Алинци. За халата и за изградба на компостара, која се планира да се гради кај депонија, купено е приватно земјиште за 3,5 милиони денари.

Собирањето на отпадот да функционира без никакви проблеми потребна е современа механизација и континуирано обновување и модернизирање на возниот парк за што се инвестирани 50 милиони денари

Прилеп доби современ царински терминал ,,тежок,, 24 милиони денари. Изграден од темел со царинска хала, управна царинска зграда, шпедитерски куќички, контролна кула, асфалтирање, поставување на водовод и канализација, електронска вага и електронски рампи.

Комуналец се вклучи во градбата на тротоари со бехатон плочки од 2010 до 2014 година. Поплочени се 40 илјади метри квадратни за 12 милиони денари.

{AG}443/komunalec{/AG}

Новина непозната за други градови во Македонија, е градбата на бунари за технолошка вода за полевање на парковите за да се заштеди пивката вода. Меѓу 2007 и 2014 година се издупчени 23 бунари со инсталирани системи и спроведени се линии за технолошка вода за 20 милиони денари.

Тука е и капиталниот проект од 2014 година, капелата. Градбата чинеше 25 милиони денари. Тоа беше заеднички проект на Комуналец и локалната самоуправа. Проектирана е по сите норми и стандарди за објекти од ваков карактер на парцела од 4.500 м2 со градежен дел од 1.000 м2, а со корисен дел окулу 750 м2, плус урбанизираното плато. Капелата располага со можност за 4 погребални церомонии едновремено. Ентериерот е осмислен да ги задоволува сите потреби за верските обреди.

Во 2009 година на новите градски гробишта се постави и асфалт за 4,5 милиони денари и комплетно се уредија гробиштата.

Сите инвестиции од 2005 до 2016 година изнесуваат 188,5 милиони денари или околу 3 милиони евра, сопствени пари обезбедени со домаќинско работење и со приходи од дополнителните дејности развиени низ годините.

Општината, заедно со Комуналец, последните 12 години изгради рекордни 200.000 м2 нови парковски површини. Градот доби современ урбан лик каков што немал досега. Центарот, секоја населба и маало, се збогатени со разни парковски површини и детски игралишта, каде граѓаните го минуваат слободното време. Комплетно се уредија парковите во центарот и зелените површини на плоштадите „Методија Андонов Ченто”, „Александрија” и „Цветните патеки” и околу Градскиот часовник.

Со инвестиција од 15 милиони денари меѓу 2006 и 2007 година се реконструираше комплетно Паркот на револуцијата. Могилата на непобедените претставува гордост на Прилеп, а претходно беше запуштено и руинирано место. Денес претставува симбол на убавина и амблем на градот.

Се изгради парк од 10.000 м2 по целата должина на улицата „Петта прилепска бригада”, долг 1 км. Таму се поставија и оградија 12 детски игралишта со урбана опрема, нишалки, клупи и корпи за отпадоци. Улицата да  прерасне во прекрасна авенија, се вложија 9 милиони денари. Се изгради паркот кај Судот, што е еден од најубавите не само во Прилеп, туку и во Македонија. За 3 милиони денари на 3.000 м2, просторот се уреди со детско игралиште, езерца, мостови, куќарки со скали поставени на дрвја, летниковци, корпи за отпадоци и друга урбана опрема.

Во 2010 година се изгради парк во Димо Наредникот од 5.000 м2 со 4 детски игралишта, нишалки, клупи и корпи за отпадоци како и кошаркарско игралиште со фонтани и водоскоци. Инвестицијата чинеше 5 милиони денари.

Наредната година населбата доби уште еден парк со 4.000 м2 со 4 детски игралишта со комплетна инфраструктура. Се вложија уште 6 милиони денари. А во наредните 2012 и 2013 година, се крена и третиот парк на 2.000 м2, со детски играчки и содржини, клупи и корпи за отпадоци. Се реконструираше и кошаркарското игралиште. Целата изградба чинеше 1,5 милиони денари. Средишниот појас на улицата ,,Димо Наредникот,, хортикултурно се уреди и се изградија водени површини и фонтани. На 2.500 м2. наспроти хотелот Липа се изградија зелени површини и три детски игралишта за 1,2 милиони денари за уживање на граѓаните.

Населбата Точила 1 го доби еден од најголемите паркови во Македонија на 25.000 м2. Инвестицијата вредеше 14 милиони денари. Паркот опфаќа спортско рекреативни терени за кошарка, одбојка и мал фудбал. Направен е комплекс од водени и зелени површини, урбана опрема и осветлување. Комплексот е збогатен со 8 отворени детски игралишта. Сето зеленило се полева со технолошка вода од издупчените бунари.Нов парк доби и Точила 2 на 15.000 м2. Паркот меѓу зградите до ОУ „Блаже Конески” треба да се доуреди до крајот на мај. Инвестицијата е 5 милиони денари.

Се изгради и парк во Типската населба на 3.400 м2. со детски содржини и спортски комплекс за мал фудбал и кошарка. Инвестицијата е еден милион денари.

Нов парк од 1.500 м2, добија жителите на зградите под касарни за 1,5 милион денари.

Во 2016 година почна градбата на нови паркови во Бончејца на 2.000 м2, инвестиција за 2 милиони денари.

Да стане Прилеп град на зеленилото и парковите инвестирани се 61,7 милиони денари или околу еден милион евра.

Се вложуваше и во маалски паркови со детски игралишта во Ѓогдере, кај Здравствениот дом, Чачорица, Сточен пазар, Спиро Забрчанец, Варош со реновирање на детско игралиште до амифитеатарот, па Тризла… Паркови добија и жителите на улиците ,,Цане Коњарец” и „Мице Козар”. Паркови се изградија и во Под Кули, Могилата, Вишне, Марино маало и Врбеско” маало, Тапани, Стара техника и околу црквата Св. Благовештение. Хортикултурно се уредени дворните места на СОУ  „Ѓорче Петров”, ОУ „Добре Јованоски” , Гимназијата, ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”, ОУ „Гоце Делчев”, ОУ „Рампо Левката” и други основни и средни училишта. Нови парковски површини со детски игралишта има и населението од Чепигово, Беровци, Подмол, Лагово, Мажучиште, Селце, Мало и Големо Коњари, Радобил, Канатларци, Кадино село, Галичани и Лагово.

Во овие помали паркови и детски игралишта на околу 30.000 м2, се вложени 20 милиони денари, со што секој дел од градот се уреди и доби катче за одмор на помладите и за повозрасните.

Во домаќинствата од 2011 до 2016 год. набавени и поставени се 15.460 корпи за отпадоци за околу 18,5 милиони денари. Поставени се и 1.200 контејнери на над 400 пунктови на јавно – прометни површини. Решен е деценискиот проблем со депонијата кај Алинци кој беше вистинска рак рана во минатото и сега Прилеп ја има една од најуредените депонии во Македонија.  

Loading