ХИГИЕНА, ХОРТИКУЛТУРА И ЕКОЛОГИЈА

Годинава

Cvetni alei i na periferijata

И годинава Комуналец ќе инвестира на раззеленување и разубавување на градот и селата. Предвидени се неколку капитални проекти за изградба и доградба на фабрика за секундарна селекција на отпад до депонијата Алинци за 60 милиони денари, од кои гонава ќе се вложат 22 милиони денари. Ќе се изгради хала за која тендерот е веќе минат, а во која ќе се инсталира линијата за секундарна селекција на отпадот вредна околу 15 милиони денари. Тоа ќе биде прва фабрика за секундарна селекција отпад во Македонија на едно јавно претпријатије. Станува збор за модерен комплекс поврзан со заштитата на животната средина,што ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион и нови вработувања. Годинава ќе се набават уште 5.000 корпи за домаќинствата за примарна селекција на отпад, кои ќе бидат поделени до сите домаќинства во Прилеп, особено во Тризла и Варош. Во втората половина од годинава ќе се постават подземни контејнри во централното градско подрачје, околу џамијата, трговскиот комплекс со катна гаража и други критични места. Ќе се догради капелата на Старите градски гробишта, кој проект чини 5 милиони денари. Ќе продолжи изградбата на црквата Св. Троица за потребите на капелата во Новите градски гробишта. Планирани се средства и за нови парковски површини во комплексот Точила 2 со 8 000 м2, меѓу зградите до ОУ „Блаже Конески”. Ќе почне изградбата на паркот Точила 3 на 5 000 м2, зад цркавата Св. Петка и меѓу зградите. Ќе се доизгради музичкиот парк во Врбеско маало, потоа нов парк меѓу зградите Ѓогдере.

Proekcija na novata kapela na Starite grobista

Ќе се направат и нови детски игралишта на Рид пред старото училиште и во близина на улицата „Мечкин камен”. Ќе се урбанизира огромен парковски комплекс со пешачки и водени површини и детски игралишта во Бончејца. Комуналец најавува средување на зелени површини и детски игралишта меѓу зградите до касарните на улица „Васко Карангелески”, потоа паркот пред театарот и кај улицата ,,Орде Чопела,, во Варош. Ќе се градат паркови и детски игралишта во Тополчани, Ерековци, Веселчани и Загорани, а  Канатларци ќе добие плоштад. За озеленување на градот ќе се засадат повеќе илјади садници, ќе се кренат нови парковски површини и тротоарите низ улиците, а одредени локации ќе бидат збогатени со цветни содржини.  

Прилеп ќе остане да биде најчист и најзелен град во Македонија. 

Loading