ШЕЈК ЗА ПОЈАДОК ЗА ЦАР НА ДЕНОТ

Херба лајф

Zdrav koncept na pojadok Zaneta Kuleska - Herba lajf

Херба лајф е компанија која упатува на правилен начин на исхрана. Основана е 1980 година од Американец, чија мајка починала од многу неправилни додатоци за диети. Испровоцираниот и натажен син создал компанија за производи на здрава основа со многу витамини, минерали и протеини или сé што му е потребно на еден организам од 7 до 77 години. Не само за намалување на на тежината, туку и за оние кои сакаат правилно да се хранат или да ја покачат мускулната маса, имунитетот.

Според Жанета Кулевска  која е  промотер на концептот за здрав појадок компанијата работи главно преку промоции, по систем од уво на уво, без да ја има палетата на производи во аптеки или на рафтовите во супермаркетите.

-Палетата се препарачува на луѓе кои сакаат здраво да се хранат, убаво да изгледаат, да имаат енергија, подобро здравје.  Во тој контекст, појадокот е најважен дел во денот. Но, со динамичниот и брз начин на живот населението или не појадува редовно или не знае што да појадува или пак е ориентирано на традиционалниот појадок со печива, а од друга страна е физички активно – објаснува Кулеска.

Вели дека промотерите ги конзумираат производите, ги проверуваат, ги сумираат резултите за да ги препорачуваат на луѓето да го постигнат саканиот ефект.

– Со традиционалниот појадок, иако заситува, сепак на подолг рок нема добри резултати врз здравјето. Тоа се рефлектира на изгледот. Појадок треба да има секој човек без разлика на возраста. Содржината е 114 хранливи нутрициентии, витамини, минерали, јаглехидрати и останати елементи за да се одржи ситост најмалку два-три часа и да се внесува многу повеќе енергија за концентрација. Појадокот е нужен најмногу еден час по будењето. Тој е темел за остантите уште четири оброци. Нормално е да се пие потребно количество вода, но и да се прави физичка активност четири-петпати во неделата, според возраста и целта. Физичката активност може да се изрази преку фитнес или за повозрасните најмалку 30 минути пешачење дневно. Тоа добро влијае на здравјето – кажува Кулеска.

Во концептот за здрав и правилен начин на исхрана, се препорачува и детоксикација, чистење, односно ,,перење,, на клетките.

-Важно е клетките да се здрави и витални. Нужна е внимателност при внесувањето на квалитетот на храната, но и на количествата, бидејќи не е битно само да се наполни желудникот и да се ,,загади,,. Важно е, особено на утро, да се исчистат наталожените токсини од претходниот ден. Затоа е потребна секојдневна детоксикација на организмот и создавање на енергија. Го препорачуваме шејкот. Тоа е заменски оброк кој се појадува секое утро – советува Кулеска.

Од Херба лајф атрактивен е и инстант напитокот за топење на мастите и алое концентрат, кој е погоден за детоксикација и е одличен за лицата со проблеми на дигестивниот тракт.

-Овие препарати се направени на природна база, немаат несакани ефекти и кај секого даваат резулати – завршува Кулеска.

До палетата најчесто се стигнува преку препораки, преку клиентите кои ги конзумираат и имаат ефекти. Низ разговори се доаѓа до информација. Се организираат средби со совети и препораки. Производите се добиваат исклучиво преку членови на нутриционистичката компанија.

Херба лајф нуди деловна можност за основен бизнис или за дополнителен приход.           

Loading