ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Единствен Македонец

Bliski vrski so Tramp- Dzord Atanasoski

Еден македонец ќе ја има честа да биде дел од свечената инаугурација во Вашингтон на Доналд Трамп за претседател. Четириесет ипеттиот претседател на САД Доналд Трамп меѓу неколкуте илјади гости, го покани на инаугурацијата претседателот на Македонската Алијанса, Џорџ Атанасоски, бидејќи имаат заеднички долгогодишен пријател. Тоа е долгогодишниот републикански конгресмен од Флорида, Рон Де Сантис. Атанасоски ќе го искористи престојот за средби во американскиот конгрес.

Македонскиот бизнисмен со прилепско потекло, кој живее во Америка и има неколку милиони долари вложувања во Македонија со децении има успешен бизнис во САД. Како општествен и политички активист кој има трајни врски со Републиканската партија имаше придонес и во кампањата и победата на Трамп. Новиот Претседател на САД ќе остане запаметен како Претседател на обичните Американци кои работат напорно и секојдневно придонесуваат во економскиот развој на САД.

Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината. САД остануваат најсилниот стратешки сојузник на Македонија.

Македонската Алијанса е уверена дека после 20 јануари се отвораат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската партија. Може да се надеваме на поголем но принципиелен притисок на идната администрација на САД за почитување на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во евроатланските интеграции на Македонија.

Loading