НОЌНО ЧИСТЕЊЕ СНЕГ

Proodni gradski soobrakajnici

Екипите на фирмите задолжени за зимско одржување на улиците, Пела Транс и Македонија пат не спијат, туку будно, цели ноќи интензивно ги чистат улиците и патиштата во Општинава. И градоначалникот Марјан Ристески направи контрола при што се потврди организираноста.       

-Екипите се справуваат со новите снежни наноси, кои се очекува да бидат уште поинтензивни наредните денови. Максимално се одговара на предизвиците 24 часа. Денски се приклучуваат и екипите на Комуналец за  расчистување на плоштадот и пешачките патеки во центарот – рече Ристески.  

Прилеп важи за општина со најисчистени коловози во Македонија.                

-Веќе две недели се расчистуваат улиците од прв и втор приоритет, и локалните патишта. Надлежните  фирми не мируваат. Деноноќно се на штрек и се прилагодуваат на сите услови. Најавените нови наноси снег ќе ги дочекаме подготвени – кажа Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за ПУП.

Од Македонија пат потенцираат дека сите магистрални и регионални патишта кои излегуваат и водат кон Прилеп се проодни за сообраќај.  

– Поради снегот и ниските температури не сме застанати две недели. Нон-стоп сме на патиштата. Фрливме над 500 метри кубни абразивен материјал. Во моментов сите патни правци се опесочени и е фрлена сол. Нема застој во сообраќајот. Сите патни правци се проодни – вели Гоце Стефаноски, раководител на Македонија пат.

Локалните власти ќе повикаат на помош градежни фирми со  механизација за расчистувањето на дел од сообраќајниците доколку во наредните денови има поголеми снежни врнежи.

Loading