ВИЗИИ И ЖЕЛБИ ЗА ЕВРОПА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев”

Gimnazijalcite debatiraa za EU

Преку обуки, гимназијалците се запознаа со Европската Унија (ЕУ), нејзините предизвици и улогата во глобалните рамки. На иницијатива на Министерството за образование и наука, Фондацијата „Конрад Аденауер” во соработка со „Вилфрид Мартенс” центарот за европски студии од Брисел и ЦИВИЦ – Институт за меѓународно образование од Германија,  во гимназијата “Мирче Ацев”, имаше тренинг обуки – симулации на тема „Визии и желби за Европа – Модел на иднината на Европа”. Учествуваа 32 гимназијалци и професорите Мимоза Конеска, Христина Кочоска и педагогот Светлана Барлакоска.

Од учесниците на тренинг симулациите,12 гимназијалци заедно со уште 32 ученици од Гевгелија, Скопје и Кочани, беа избрани и присуствуваа на Европската академија во Маврово. На тридневниот семинар учениците имаа можност преку интерактивни предавања да ги збогатат знаењата на различни теми поврзани со ЕУ, да дискутираат за актуелните прашања на миграциите, проширувањето на ЕУ, внатрешните политички текови во Унијата, заштитата  на животната средина, можностите на младите вклучени во програми за студиски размени и др.

Учесниците во проектот добија сертификати, ги збогатија своите знаења за ЕУ и ги покажаа своите вештини во низа активности.

Loading