ПРЕМИЕРА НА „ВО СЕНКАТА НА ВЕТРОТ“

Утревечер во театарот

Vo senkata na vetrot posledna   premiera za 2016 godina vo teatarot

„Во сенката на ветрот“ од Пол Емон, во режија на Југослав И. Кочоски е претставата која ансамблот на театарот премиерно ќе ја прикаже утревечер (сабота) од 19.30 часот. Содржината говори за тешкотијата да се сака, да се биде сакан и да постоиш во очите на другите.

– Дејствието кое е сместено на едно прозаично место – Куќата на ридот, ја следи приказната на девет лика, кои колку што се различни еден од друг по своите карактерни особини, толку се и слични по потрагата за вистинска љубов и среќа во животот. Станува збор за длабокото незадоволство и празнина на тие што можат да имаат сé и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни со малку во животот. Испреплетувањето на дејствието и индивидуалните приказни претставуваат посебен пристап кон сценското прикажување и се добива посебен клуч по кој може да се следи театарското дело. Пол Емон дава наизменичност во нарацијата од директен говор до гласно кажани внатрешни мисли кои многу често ја изразуваат состојбата на ликовите во сегашноста или пак го пренесуваат своето искуство за тоа што се случило во минатото. Специфичното третирање на времето како и различните ракурси на гледање на протагонистите за една иста ситуација го надополнува богатството на содржината кое ова сценско дело го нуди – вели режисерот Кочоски.

Ова е втора соработка на режисерот со ансамблот на театарот. Текстот е праизведба во Македонија и деби на Пол Емон кај нас.

Играат Марија Спиркоска – Илијески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Марјан Чакмакоски, Најдо Тодески, Виолета Чакарова и Наташа Наумоска.

Сценографијата е на Бојан Маневски, костимите на Даниела Настоска, а музиката на Томе Темелкоски, додека драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска – Ѓорѓиевска.

Пол Емон е белгиски автор роден  1944 г. во Брисел. Завршил романистика. Професор е на Институтот за телевизија на универзитет. Напишал пет романи, повеќе други прозни дела и преку 40 драми и драматизации на познати драми. Со сопругата е родум од Словачка, преведуваат од словачки на француски. Член е на Кралската белгиска академија за француски јазик и литература. Делата му се поставувани во Белгија и Франција, Романија и Бугарија. Текстот е напишан 1998 г, а ќе биде за прв пат поставен на сцена во Македонија.

Loading