ИЗЛОЖБА НА СТЕВАНОВСКА И БРЦЕСКИ

Interesnite dela na Mile Brceski od   metal pred sograganite

Изложба од десетина дела во полиестер и метал од Валентина К. Стевановска и Миле Брцески ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата ,,Борко Лазески,, при ЦК ,,Марко Цепенков,,. Стевановска пренесува апропријативна идеја за љубовта кон татковината, како и нејзиното разбирање и артикулацијата. Таа е дипломец на ФЛУ во Скопје, оддел скулптура, каде и магистрирала. Доцент е на ФЛУ. Имала повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство, како монументалниот споменик, Коњаникот – воин на коњ и фонтаната во Скопје.

Брцески нуди реалистично – фигуративен концепт, при што е реализирана  идејата која е содржана низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционални вредности прикажана преку играта на човекот-дете, преку полното и празното, преку блискоста и далечината .

Тој завршил ФЛУ во Скопје. Учествувал на повеќе изложби. Добитник е на повеќе награди. Автор е и на коњичката скулптура на Тодор Александров во Кисела Вода во Скопје.

Loading