ПЕЧКАТА СЕ ПЛАЌА НА РАТИ СО ЗАПАЛЕН ОГАН

Владо компани

Em mtrgovci em transporterise od Vlado kompani

По шест години остра битка со конкуренцијата, фирмата за трговија со бела техника Владо Компани успева да одолее на немирниот пазар. Двајцата сопственици Владо Глигороски и Ицко Ѓорески велат дека бизнисот го одржуваат и го унапредуваат со непосреден контакт и љубезност со муштериите, со остварување на нивните желби до крај.

-На повозрасните муштерии, не само што им ги носиме печките на цврсто гориво до домот, им ги качуваме на катовите, им ги поставуваме бориите и го запалуваме огнот да се види како функционира платената стока. Така е и со фрижидерите, машините за перење електричните шпорети и други погломазни апарати што ги нудиме. Зашто кај нас важи девизата дека муштеријата е секогаш во право и не знае да згреши. Тоа е нашата формула за успех – вели Глигороски.

Откриваат дека нужно е збогатување на понудата според вкусот на муштериите.

-Продаваме и пелети и брикети, а за децата дури и автомобилчиња на акумулатор. Муштеријата не смее да излезе со празни раце поради услугата или понудата. А и со цените сме најниски, вклучувајќи ги погодните начини на одложено плаќање на повеќе месечни рати. Иако имаме продавница во Прилеп, нé открија и во Струмица, Гевгелија, Кичево, Битола, Македонски Брод, а за околинава и да не зборувам. Сите нé знаат и ја бараат белата техника поради тоа што ја транспортираме до нивните домови – објаснува Глигороски. 

Фирмата израснала на темелите на земјоделската фирма за производство на тутун “Ортаци” на Глигороски и Ѓорески. Владо компани е искалена и е плод на повеќегодишната соработка на ортаците. Таа е еден вид круна на бизнисот на двете семејства. 

-Вклучени се и децата кои се академски образовани и подинамично го водат бизнисот. Од конкурентите не се плашиме, туку секој со среќата и со многу труд и напор, веќе создадовме лојални муштерии кои се услужени до максимум. Конкурентите не ја деблокираат машината за перење, качена на петти кат во бањата и не ја активираат пред купувачите. Условите, услугата и чесноста се рецепт на успехот – вели Ѓорески.

Глигороски работел со бела техника и ја познава оваа бранша. Тргнувајќи од својата логика кога парите од тутунопроизводството ги вложувал, а не правел ,,егзибиции,, и тутунарите купуваат трајни добра кога ќе ги земат парите. Секако и плаќањата на рати преку синдикатите е олеснување на секое семејство.

Kazuvanje i i montaza na bela tehnika na katovite vo zgradite

Во близина на селото Новоселани, од каде што потекнуваат, изградиле голем магацин за складирање на стока блиску до Прилеп. Објектот е опремен со вилушкари и превозни средства.   

Според Глигороски, партнерството им оди оти владее паролата, “Кај што има слога – има и Бога”. Почнале со тутунот и продолжиле со белата техника.

Глигороски и Ѓорески кренаа голем челичен крст, симбол на христијанството кај селото Новоселани, што ќе остане за навек за сеќавање на сите генерации на двете фамилии. 

Loading