Ин мемориам

trajce krsteskiВо 66-тата година од животот по кратко боледување на 17 декември замина, ама остави длабоки траги и огромен литературен опус Трајче Крстески. Членот на ДПМ, низ годините израсна во голем раскажувач, романсиер, поет новинар и драмски автор. Беше уредник во списанието за литература, уметност и култура Стремеж, што го издава ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Крстески í припаѓа на таканаречената четврта генерација повоени македонски писатели кои на литературната сцена се афирмираа во седумдесеттите години. Типичен претставник е на својата генерација, свртена кон пронаоѓање нови, антитрадиционални модели на прозниот дискурс.  Внесувајќи одредена доза на (само)иронија и сарказам, тој создаде препознатлив тип на нова проза во македонската рана постмодерна. Крстески напиша и неколку драмски текстови, но остана поблизок на читателската одошто на театарската публика.

Автор беше на романите и драмите Скица за гоблен со палјачо, Арлекин со празни раце, Јона и полжавот, Лов, Пресуда, Генералот и касапот, Светлина зад ридот, Љубовта на Самуил, Убиство со умисла, Арлекин со празни раце, Бела Митра, Градење црква, Ослободен човек, Силјан повторно лета и многу раскази и песни.

За творештвото беше добитник на повеќе награди.

Loading