ЗАМРЗНАТИ ПИРОШКИ…. И ВО КОСОВО

Трио

Trojca braka sozdadoa renomirana firma  Blaze Zlatko i Toni Atanasoski

 

Повеќе од дваесетина години напредува фирмата за производство на замрзнати лиснати теста, пирошки, кори и пици Трио на браќата Блаже, Златко и Тони Атанасоски. Продукцијата што е секогаш пресна се најдува сé повеќе на трпезите на македонските семејства, поради вкусот што се рони во устата и брзината на подготовката.

Растот на компанијата го забележаа и службите на локалната самоуправа. Го прифатија предлогот оваа фирма да биде носител на признанието Трети Ноември што општината го доделува како највисока градска награда за дел од бизнис секторот. Не погрешија затоа што оваа мала компанија веќе брои 55 работници и успешно да се носи со конкуренцијата во земјава. Последниве месеци веќе ја препознаваат и муштериите во Косово, каде се пласира производствениот асортиман. Дека наградата е полн погодот сведочи и податокот што фирмата на браќата Атанасоски купи нов производствен погон од околу 1500 м2 на стариот излез од Прилеп за Битола. Ја активира новата модерна технологија, при тоа оставајќи дел од производството, поради поволните технички услови, во погонот во старата млекарница.

Noviot objekt na Trio

– Ја купивме и со документација ја адаптиравме халата за производство на прехранбени продукти. Вложивме доста, да биде модерна и по сите стандарди, вклучувајќи ХАССАП и други. Го сертифициравме производството според ИСО 2200, што значи следење на продукцијата за раст на квалитетот – вели најстариот Атанасоски, Блаже.

Новата хала “кркца” со модерна технологија.

– Главна е новата шок комора, која такаречи, секундарно мрзне до минус 40 степени. Тоа значи ситно кристализирање на влагата што влијае на зголемување на квалитетот. И досегашната комора беше современа, но оваа располага со соодветен капацитет за подемот на продукцијата. Инвестиравме во нова комора за одржување на замрзнатите производи на минус 18 степени. Монтиравме и опрема за полнетите лиснати теста. Планираме да го збогатиме техничкиот парк, но постепено, според приоритетите – објаснува Блаже.

Паралелно расте пласманот. Странските ривали веќе не се конкуренција, оти нуди квалитет за ниски цени.

Kvalitetot privlekuva kupuvaci

– Се чувствуваат ефектите од настојувањата за пласман во странство. КАМ маркетите отворија неколку објекти во Косово, а преку нив ги пласираме производите во оваа соседна земја. Испратени се неколку шлепери, вторите нарачки се двојно поголеми и се надевам постепено да влеземе и во Албанија. На домашниот пазар сме одамна етаблирани и освојуваме сé поголемо парче, да не речеме дека сме доминантни – вели Блаже, додавајќи дека увозот на кори во Македонија речиси го нема.

Од Трио најавуваат збогатување на палетата со замрзнати вртени мали буреци. Браќата Атанасоски нема да мируваат, туку планираат да го збогатат технолошкиот парк уште со некоја нова опрема за раст на квалитетот.   

Loading