ПОШУМЕНА ОКОЛИНАТА НА КРСТОТ

Кај селото Новоселани

Drva za idninata - decata od Novoselani i Zapolzani

Основците од селата Новоселани и Заполжани заедно со наставникот Васко Орданоски Шиклески го пошумија ридот над селото со 150 садници на бор и багрем. Од неодамна просторот има пристапен пат, бидејќи  е поставен метален крст од десет метри, што е донација на бизнисменот Владо Глигороски. Стотината жители на селата негуваат надеж дека ридот со зеленилото ќе стане атрактивно место и за туристи, бидејќи од височинката се гледа цела Пелагонија како на дланка. Не е исклучено наскоро да се отвори акција за собирање на средства за изградба на црква и водовод.

Loading