АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК – ИРИНА ЈОВАНОСКА

СТРЕЛЦИ СО ГОЛЕМА ПРЕЦИЗНОСТ

Nagradi za ostro oko

Осмоодделенката Ирина Јованоска од ОУ „Добре Јованоски“ со испукани 176 круга е апсолутен победник на државното првенство со воздушна пушка меѓу 101 натпреварувач во сите категории. Се закити со златен медал.

Таа е со убедливо највисок и најдобар резултат на стрелиштето Беј бунар, во Охрид на Државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта, во организација на Федерацијата на училишен спорт, дисциплина – воздушна пушка, национална програма. На првенството учествувале вкупно 101 натпреварувач од кои за средните училишта се натпреваруваа 18 машки и 18 женски. За основните училишта се натпреваруваа 21 девојче, а останатите момчиња.

Од основците, во машка конкуренција второто место го освои ученикот во деветто одделение Лазар Лазарески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” со погодени 162 круга.

Од средношколците триумфираа гимназијалците. Во женска конкуренција златен медал освои Викторија Тренческа со испукани 166 круга. Во машка конкуренција, на првото место со злато се закити Антонио Николоски со испукани 170 круга. Соученикот Емануел Секулоски погоди 161 круг и се закити со сребро.

Сите освојувачи на медали, тренираат во прилепскиот стрелачки клуб “Стрелец 09”. 

Loading