ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“
Учениците од музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ ги освоија највисоките награди на меѓународниот натпревар за камерна музика во Кавадарци. Сергеј Настески, Антонио Трајкоски и Марио Соколески ја освоиле првата награда во А категорија. Први во предкатегорија беа Антонио Трајкоски, Јован Станкоски, Ана Марија Рампоска, Михаел Рампоски и Божидар Кочоски
Успехот е доказ за посветената работа на менторите Мендо Ташкоски, Леонарда Богданоска Гиноска и Кире Гаралоски.
– Ова е иднината на Македонија. Треба да се гордееме со вакви ученици. Фолклорот е нашето најголемо богатство – велат менторите.
Со награда се вратил и квартетот кларинети. Под менторство на Александра Ивановска, и тој се качил на челното место на тронот на меѓународниот натпревар по камерна музика.