СРЕБРО ЗА РИКАЛОСКИ

Пинг-понг

Srebren medal za Aleksandar Rikaloski

Александар Рикалоски го освои второто место и се врати со сребрен медал од државното првенство во пинг – понг за средни училишта во Кавадарци, во организација на ФУСМ, а на кое учествуваа стотина средношколци. Рикалоски стигна во финалето меѓу 60 учесници. Со освојување на второто место. Заедно со шампионот Филип Костадиновски од Крива Паланка стекнаа право на учество на спортски камп кој секоја година за најдобрите го овозможува Агенцијата за млади и спорт.      

За гимназијата се натпреваруваа и Бојан Илиески и Христијан Иваноски. И тие имаа успешен настап пласирајќи се во „топ осумте” натпреварувачи.

Инаку, Александар Рикалоски реди награди во пинг-понг, а во моментов се подготвува за меѓународен турнир за натпреварувачи до 18 години кој треба да се одржи наредниот месец во Нови Сад, Србија. Покрај пинг-понгар, тој е и одличен ракометар, член на гимназиската машка ракометна екипа, која на минатогодишната гимназијада го освои второто место.

Loading