ИЗЛОЖБА НА ТРАЈЧЕ БЛАЖЕСКИ

Изложба на дела од уметникот Трајче Блажески ќе биде отворена вечерва во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Делата на уметникот ги красат повеќе државни и приватни збирки, домашни и странски музеи, галерии, разни фондации и асоцијации.     

– Симболи се појавуваат во графиките кои се издвојуваат по сила на изразот и длабоката заднина на значењето. Тоа се крстот скалите, буквата и триаголникот – вели Звонимир Костиќ Палански.     

Во творештвото ги негува сите графички техники, колаж, цртеж и масло.

Блажески, кој е професор на ФЛУ во Скопје, е дипломец на отсек графика на академијата во Приштина. Магистрирал во Белград и докторирал на темата “Графиката како ликовен јазик во уметноста на Балканот” во 2010 година.

Член е на ДЛУМ од 1980 година.  Имал многу изложби во земјава и странство и добивал национални и меѓународни награди и признанија.

Loading