КЛИНИКА ЗА ЕЛЕКТРОНИКА НА АВТОМОБИЛИ

Авто електро сервис Шампион

Doktor za elektrionika na avtomobili- Vladimir Miloseski

Низ љубовта кон моторциклите во младоста Владимир Милошески познат како мајсторот за електрика на автомобили Лало, го претвориле во професионалец и стручњак за отстранување на комплицирани електро дефекти на колите. Како млад бил тата – мата за моторчињата.  Имал талент да го растури и да го состави моторчето до последен дел и да го јавне да ужива во ветерот и тинејџерските години. Моторчињата му станале и азбука, и перница, и ноќ и ден. Затоа тргнал да го совладува и да ги открива тајните занаетот кај мајсторот Коста Шулев – Песот. Со собраното знаење и откривање на марифетите на електриката кај автомобилите, добро обучен, полн со енергија и младешки жар отворил сопствен сервис пред дваесетина години. Најпрвин работел дома, како што тргнуваат сите. Пред 21 во изнајмен покомотен простор крај реката, “амбулантата” за електрика на колите прераснала во “клиника”. Веќе осум години сервисот  на чело со Лало е во состојба да ги отстрани дефектите на електрониката на сите автомобили во просторот на Сојузот на возачите или стариот прилепски технички преглед.

– Преокупација ми е автоелектриката и автодијагностиката и полнење на клима уреди на автомобили со фирмата Шампион. Патот до современ сервис не е послан со рози. Нужно е  стекнатото знаење да се потврди, да се отстрани дефектот трајно за да се стекне доверба кај муштериите. Но довербата лесно се стекнува со поправка на ситни работи, а лесно се загубува само со едно затајување. Затоа е нужно посветено и внимателно да се преземат обврските и возачите да бидат не еднаш, туку секогаш задоволни. Таков е мојот приод во животот. Темелно и трајно да се решаваат проблемите, па и кај возилата – објаснува Милошески.

Последниве години веќе не се работи без компјутер, таканаречената компјутерска дијагностика. Затоа е опремен со програма за детекција на дефекти за сите автомобили.

– Новите автомобили се покомплицирани од поранешните. Старите беа едноставни. А сега се сложени и  ќе бидат уште потерсене. Само една тенка жица да се скине, автомобилот може да биде мртов. Нужно е внимание да се дојде до проблемот за што е потребно време. Компјутерот само наведува на локацијата на дефектот. Прецизно. Но, е потребно да се испита и околината на проблемот. Не постои  компјутер што директно може да го лоцира проблемот. После доаѓа искуството и знаењето – вели  Милошески.

Новите автомобили се расипуваат повеќе од старите. Причината за тоа е што во автомобилите се дотраени без разлика на оваа или онаа марка или модел.

– Се купуваат многу стари возила од странство. Нормално е откажувањето на електрониката. Сé има рок на траење. Не е ништо вечно. Електрониката, компјутерот на автомобилите, е сложен систем и е различен од марка до марка. Затоа едно е што е во овој модел, а друго е во друга кола. Ништо не е исто. Сé бара посебен третман, како докторите кон пациентите – објаснува мајсторот Лало.

Милошески веќе купил сопствен плац за градба на голем сервис. Засега не планира градба, бидејќи времето е ризично. А и сегашниот простор му е доволен, оти располага и со голем паркинг. Задоволство му е надарените млади и трудољубиви мераклии кои работат кај него да ги следат неговите чекори.

Loading