АСФАЛТ ВО СЕКОЈА МЕСНА ЗАЕДНИЦА

Uste eden bulaver vo gradot

Во тек се градежните работи на една од неколкуте носечки сообраќајници во градот. Една од нив е улицата “Димо Наредникот”. Сообраќајната артерија ќе добие нови тротоари на потегот од Судот до мостот на Градската река во должина од 250 метри. Паралелно, интензивно се реконструира и коловозот кој ќе има булеварско решение со четири ленти и зелен појас на средината. Предвидени се и велосипедски и пешачки патеки и ново енергетски ефикасно осветлување.

Инвестиција е 11 милиони денари од локалниот буџет.

И улицата “Ленин” наскоро ќе добие бекатонски тротоари. Досега се поставени околу 5.000 м2 бекатон плочки на тротоарите и други јавни површини во централното градско подрачје како и на ул. “Трајко Николоски”, “Димче Антулески” и наспроти касарната.

Baranjata od urbanite zaednici - prioritet za lokalnata vlast

На барање на жителите, речиси во секоја урбана заедница се поставува асфалт. Во населбата Ѓогдере асфалтиран е кракот на ул. “Блаже Темелкоски”. Зафатот чини 300 илјади денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа. Асфалтирана е и ул. “Цане Илиески” во Вишне долга 250 метри. Уредувањето е во рамките на проектот за реконструкција на улиците и потпорните ѕидови во градов. Финансиската конструкција е 700 илјади денари, обезбедени од локалниот буџет. Околу 300 метри асфалт добија жителите на Бончејца, на ул. “Браќа Нунески”. Новата постелка е дел од годишната програма на општината, а доаѓа по приоритетното барање на жителите. Асфалтирањето се реализираше со милион денари, средства од општинскиот буџет.

Loading