ГРАДСКО КАТЧЕ ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

Ezerca vo Golemo Konjari

Плоштад – парк се изгради во селото Големо Коњари. Повеќенаменското катче за играње на младите и одмор на повозрасните, го збогати социјалниот живот на околу 700 жители и естетски го разубави населеното место. Инвестицијата од 4,2 милиони денари е обезбедена од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. И Локалната самоуправа оддели 18 проценти, а носител на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Во Големо Коњари изградена е канализација, пречистителна станица, тампонирани се и асфалтирани многу улици и поставено е ново улично осветлување. Комплетно е реконструирано училиштето. Наскоро треба да се отвори и градинката во рамките на училиштето и да се реконструира стадионот за фудбал. 

Loading