УНИКАТНА СРЕДНОВЕКОВНА ТРПЕЗАРИЈА И МАГЕРНИЦА

Археолошки истражувања на Трескавец

Poveke vekovni sloevi na Treskavec

Се преземаат заштитни археолошки ископувања околу магерничкиот конак  кои се во функција за добивање на релевантни податоци за изработка на проектот за реконструкција и санација на манастирот Трескавец.

Според археологот д-р Бранислав Ристески, станува збор за уникатен пример на средновековна трпезарија и магерница со придружни простории.

– Потребни се податоци за изработка на автентичен проект за реконструкција. Се оди фаза по фаза, разоткривајќи ги користењето на трпезаријата и магерницата. Откривме делови од античкиот град Колобаиса, на градба од 13 и 14 век, па се до 19 век. Истрагите завршуваат до крајот на ноември – вели Ристески.

Според архитектот Илија Ристески од Заводот и Музеј за проектот се потребни археолошки сознанија.

– Истражувањата ќе придонесат во продолжението на решението за проектот во ликовниот и архитектонскиот дел. Трпезаријата и магерницата се јадро на духовниот комплекс. Просторот не е голем, но значајно е да се добие функционалност за да се изложат предмети за историјатот на манастирот – вели архитектот Ристески, потенцирајќи дека проектот треба да биде заокружен до крајот на годината.

Loading