БЕЗБЕДЕН ДОМ СО ТЕЛЕФОН

Савана системи

Instalacija na moderni bezbednosnsi sistemi - Saso Kukeski

Стравот од крадци на домот или компанијата го симнува фирмата Савана системи со инсталирање на алармни системи и видео надзор кој може да се следи и со паметен телефон од секаде во светот. Мирен сон или раат туристички патувања без грижа за имотот спечален со години се осигурува со таканареченото техничко обезбедување доверено во рацете на искусниот Сашо Кукески. Тој, со лиценца за техничко обезбедување, инсталира професионални системи за заштита на станбени и деловни објекти веќе 15 години. Располага и со дозвола за монтажа на нисконапонски инсталации за заштита од пожари, таканаречената електронска дојава на пожар и контрола на функционалноста. Не е далеку и денот кога во домовите ќе поставува системи за брза интервенција на стари и изнемоштени лица, СОС или чувар на стари лица.

– Во зависност од потребите на клиентите и цените се различни, но се околу 250 евра. Сето тоа зависи и од производителите на опремата, квалитетот и техничките карактеритики. Пример, поскапи камери со фул хд технологија можат ноќта да ја направат како ден, а со други, со пониски цени, аналогни камери, се забележуваат само силуети на ноќните снимки и практично се само страв за потенцијалните ограбувачи. И останатата опрема за детекција и алармирање е разновидна, макар што подолго време работам со Хик Вижн и Парадокс. Со новите Практика системите се поврзува со паметните телефони и сопстевникот во секое време има контрола на објектот каде и да е. Со комуникацијата 3г и 4г корисникот добива известување на телефонот во реално време, така што во деловните објекти може да се контролира и работното време на вработените. Современите системи за техничко обезбедување не треба само да се постават, туку треба и да се одржуваат – вели Кукески.

Како човек со искуство препорачува системите да се одржуваат, бидејќи се оптоварени  со работа од 24 часа.

– Со време, можно е да откаже некоја батерија, да се измести некоја камера, да се замати објективот… Затоа е нужно одржување – објаснува Кукески.

Негови се изведбите за видео надзор и системот за препознавање на регистарски таблички на возилата на граничниот премин Меџитлија, царинскиот терминал во Кавадарци и царинскиот терминал во Битола.        

Инаку, заедно со колега, Кукески создале поевтина алармна централа со истите карактеристики на тогашните фабрички системи   пред петнаесетина години. Тогаш алармните централи биле со многу повисока цена и не биле достапни за сите клиенти.

– Тоа беше мала ефикасна иновација системот да биде поевтин. Беше функционална до паѓањето на цените на елементите на алармните системи и видео надозорот – вели Кукески.  

Фирмата наскоро ќе отвори нов изложбен салон да се види и да се демонстрира опремата на безбедносните системи, да се направи разлика и визуелна споредба меѓу два-три квалитети. Савана системи нуди стручни предлози и решенија како да се изведат системите за заштита од кражба, видео надзорот, електронската дојава од пожар и да бидат во склад со законот за техничко обезбедување и законот за заштита на личните податоци. Како лиценцирана компанија од агенцијата за заштита и спасување, прави елаборат и одржување на системите за електронска дојава на пожар. 

Loading