ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Познати добитниците на Третоноемвриските награди

Buketi na Pesjobrdce za padnatite osloboditeli na Prilep

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, за неговиот придонес во општествено – политичкиот, економскиот и културниот развој на градов е добитник на наградата за животно   дело по   повод   З-ти   Ноември   –   Денот   на ослободувањето на Прилеп. Вака одлучи Комисијата за одбележување, празници   и   манифестации   и  доделување   награди   и   признанија откако ги разгледа пристигнатите предлози.

Наградите – плакети им се доделуваат на: ,,Васидора” ДООЕЛ   како општествено одговорна компанија со долгогодишно успешно работење и инвестиции во модерни производствени капацитети; на СОУ ,,Орде Чопела” за инвестиции и унапредување на воспитно образовниот процес; на Радио  Холидеј за најслушана радио станица во Пелагонискиот регион со информативна, образовна и забавна програма; на ОУ ,,Кирил и Методиј” од с. Канатларци за инвестиции и унапредување на воспитно -образовниот процес; на ,,Футура” ДОО како успешна и општествено одговорна компанија, на Здруженијата на прилепски бранители (Здружението ,,Прилепски Бранители”, Здружението ,,Карпалак”, Здружението на ,,Резервни воени старешини”) за храброста во одбраната на македонскиот суверенитет и интегритет – да не се повтори и да не се заборави; на „Младински Совет” за достигнувањата и успесите во работата со младите, на „ТРИО-95″ ДОО како успешна и општествено одговорна компанија и на Народна техника за 70 годишниот развој на техничката култура и постигнати врвни резултати на европски и светски натпревари.

Наградите – дипломи им се доделуваат на Цветан Беличански, доајен на прилепската и македонската просвета, универзитетски професор и член на Сојузот на борците, на Илија Нестороски, репрезентативец на Македонија и спортски амбасадор на Општина Прилеп; на Горанчо Котески за придонес во општествено – политичкиот, безбедносниот и економскиот развој на општинава, на Дарко Штаргоски за промоција на туристичките потенцијали на Прилеп низ професионално изработените прилози; на Мери Мирческа, за постигнати резултати во планинското   трчање и меѓународна промоција на Прилеп; на Александар Тодороски – Цандарот за долгогодишното негување на берберскиот занает во старата Чаршија; на Каролина Мицеска за посебни остварувања во областа на новинарството, културата и уметноста; на Миле Јованоски, пионер во   параглајдерството, натпреварувач, тренер и селектор со врвни постигнати резултати; на Дарко Неданоски за постигнат успех во македонската спелеологија и на Славе Димоски, за негување на ковачкиот занает, како  еден од најстарите занаети.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечената седница која Советот на Општината ќе ја одржи на 3 ноември, на празникот на градот.  

Loading