МЕНТАЛНА КУЛТУРА – ПОТРЕБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Додека етичката култура овозможува подигнување на поединецот и целото општество до тоа идеали да му бидат правичност, вистина,човечност и взаемно почитување, менталната култура подразбира ментално очовечување напоединецот преку усвојување на оптимални емоционални, интелектуални, морални и духовнивредности.

Препознавајќи ги и усвојувајќи ги интелектуалните предизвици, личноста да се стреми да наоѓа оптимални решенија во нови ситуации коине се на директна штета на никого.

Секој поединец да се вреднува себе си низсопствениот морален растеж и да ги подигнува капацитетите за почитување на другите современици, независно од нивниот пол, возраст, образование, вера, национална и идеолошкаориентација, како свои браќа и сестри.

Да се научиме да го прифатиме патот нафрустрации и гратификации и како бојно поле и како плодно поле на кое се посеваат секаквиимпулси, страсти и емоции но се негуваат за

жетва само почитувањето, дарежливоста, добронамерноста, сочувствителноста и љубовта.

Во својот ментален развој, во кој ќе се вреднуваи почитува менталната култура да се оспособиме заисполнувањето на суштината на нашето постоење,која што подразбира незапирлив стремеж конуниверзалните вредности и бескомпромисноспротивставување на несигурноста, стравот,зависноста, покорноста, кои најчесто се маскирааткако банална апатичност, конформизам,малодушност, нерешителност и сл.

Сите ние поединечно како цивилизацискапридобивка на општественото живеење од нашето раѓање па сé додека сме отворени кон нови знаењаи умеења настојуваме да го подобриме квалитетотна нашето индивидуално, но и групно-социјалноживеење.

Во традициите на многу култури и во ситесветски религии, како што е впрочем и воПравославието, кодексот на однесувањето накрајно едноставен начин се дефинира со пораката:

,,Не прави му на другиот нешто, што не би сакалтебе да ти биде направено,,.

Културата на однесувањето како култура на секојдневно живеење има улога да обезбеди предвидливи и прифатливи правила на однесување

кон кои сме обврзани да се придржуваме исто како што имаме обврска и интерес како учесници во сообраќајот да ги почитуваме воспoставените

правила зашто со тоа си обезбедуваме поголема безбедност и сигурност за себе, но и за другите учесници во сообраќајот.

Претпоставувам ќе се согласиме сите дека како што во сообраќајот има знаци кои ни помагаат побезбедно и посигурно да стигнеме на одредена

цел и во животот како патување кон различни и многубројни предизвици и цели има пократки и подолги, полесни и потешки, побезбедни и

поопасни патишта по кои можеме да патуваме и да се приближуваме кон посакуваните цели.

И на овие патишта има знаци и правила кои за некого се со поголема видливост и корисност, а за некои од нас се за жал незабележливи или

недоволно препознатливи, па поради тоа често залутуваме и наместо да се приближуваме, ние се оддалечуваме од нашите цели или што е уште

полошо, поради недоволното знаење и неправилно читање на знаците покрај патот овозможуваме да се случуваат многу чести и непотребни помали незгоди, а, за жал, не толку ретко и поголеми несреќи, па и катастрофи со долготрајни и непоправливи последици.

Од тие причини добро би било ако во моментите кога носиме одлука нешто да направите добро да размислиме дали е тоа исправно и долгорочно

исплатливо, а пред се да не е ниту на наша, но ниту на туѓа штета. Зашто со невнимателен и безобзирен однос дел од штетата која ќе им ја

нанесеме на другите ќе се пренесе непосредно или одложено и на наша адреса.

Убаво и корисно е да сфатиме дека како во сообраќајот, така и во животот не смееме да се однесуваме комотно и неодговорно, туку дека

треба добро да ги научиме правилата и знаците за да патуваме побезбедно и поуспешно и поединечно и сите заедно.

Јохан Ѓорѓиоски

Loading