ЕЛЕКТРОИНСТАЛАЦИИ ЗА СОНЧЕВИ ЦЕНТРАЛИ И МАЛИ ХИДРОЕНЕРГАНИ

КН Елмонт

Одржување и надградба на системот на ЕВН за подрачјето на Прилеп

Тројца инженери и триесетина електричари

Силна техника за екстремни терени и услови

Ekspert za elektroinstalaciiKiro Najdoski

Пред 14 години, кога Кирил Најдоски ја основал фирмата КН Елмонт за поставување на нисконапонски инсталации, негуваше скромни надежи дека со постепени чекори и многу труд ќе создаде мала респектабилна компанија. Последните неколугодишни зафати на електроинсталацијата на сончевата електрана кај Ново Лагови, двете мали хидорцентрали под Кајмакчалан во Мариово, инсталациите за економската зона Алинци и внатрешната мрежа на погонот на Гентерм, како и веќе подолгорочната соработка со ЕВН за подрачјето на Прилеп, сведочат дека потајните соништа се остваруваат со упорна и вредна деноноќна работа. Затоа малата компанија се наредува меѓу десетте во браншата во земјава, која, со модерната и силната техника за копање, кревање и превоз и друга придружна опрема, презема и зафати на ископите на трасата на гасоводот од Штип до Неготино.

Стручни се за инсталации на струјни водови во диви простори, како во Мариово, до рудниците на мермер или гранит во Крушејца Чашка или пак за каменоломи.

– Тргнавме од монтажа на нисконапонска мрежа. Сега поставуваме трафостаници, мрежи од среден напон и стигнавме до 35 киловолтни електро водови. Пет години ја одржуваме ниско и средно напонската мрежа на ЕВН за Прилеп. Електроинсталацијата на сончевата централа од еден мегават и двете мали хидроцентрали на реката Коњарка во Мариово од 2 мегавати се наше дело. Дел од механицијата и луѓето се ангажирани на ископите на гасоводот Штип – Неготино. Целата струја за зоната Алинци и за струјата во погоните на Гентерм ја изведовме во куси рокови. Инсталиравме водови за струја за погонот на Епл ленд кај Мекази кај Ресен. Кабли за струја за жичарниците во Крушево носеше нашата техника и работници. Носевме струја до предавателните столбови за мобилната телефонија. Но, најкомлицирано е Мариово, каде теренот е каменит, непристапен, а инсталацијата е стара. И таму ги премостуваме проблемите на кои наидуваме во “дивината”, и зиме и лете, и при пекол и при студ. Употребуваме тешки машини, компресори, дури и минирања – објаснува Најдоски.

Нагласува дека малку ја користи една од неколкуте машини за за дупчење под патиштата или под плочниците, затоа што на изведувачите им е полесно да го пресечат асфалтот или мермерот на плочникот и да постават кабли или водоводни и канализациски цефки.

– Малку е поскапо, но многу е побрзо и поквалитетно да се направи дупка под патиштата, улиците, плочниците, тротоари без копање, со подземно дупчење без оштетување на горниот слој. Без да се помести асфалтот, без копање, поставуваме цефки од широки 13 сантиметри во кои може да тече вода, да се стави водоводна мрежа, да се пушти електро или телефонски кабел до 150 метри – кажува Најдоски.

КН Елтерм е во подем. Постојано реализира нови се покомплицирани проекти, паралелно осовроменувајќи го техничкиот парк со возила со кранови, градежни машини, мини багери, дигалки со корпи до 20 метри и друга опрема. Ангажирани се тројца инженери.

Сопственикот Кире Најдоски влегол во бизнис водите по петгодишно работење кај елекричарите во фирмата ЕМ Електрика. Верувал дека е способен сам да се бори на пазарот и успеал да им парира на поискусните фирми, особено бизнисот напредувал со набавката на камион со дигалка со корпа за кревање на височина за поставување и менување улично осветлување. Потоа биле ангажирани на електроинсталациите во Бунарџик и за фабриката на Џонсон Мети.

Loading