МОДЕРЕН ИЗГЛЕД ЗА ПАЗАРЕЊЕ СО ТРАДИЦИЈА

Градскиот пазар комплетно ќе биде допокриен

–  Ќе се покријат уште 800 м2, обезбедени 4,3 милиони денари преку Пелагонискиот плански регион.

Nema dozd i sonce poveke na Gradskiot pazar

Комплетно ќе биде допокриен градскиот пазар. Дождот, студот и снегот во зимските месеци, како и неподносливото сонце во летниот период ќе бидат минато за пазарџиите и купувачите кои се соочуваа со временските неприлики. Во модерен амбиент ќе биде пазарењето на најстариот, најбогатиот и најпознатиот пазар во регионов. Современиот изглед ќе се потпре врз традицијата, со што се очекува поголема фреквенција на купувачи и побогата понуда од продавачите.   

Започна реализацијата на проектот за доградба, односно допокривање на градскиот пазар, со површина од 800 м2 со вкупна вредност на проектот од околу 4,3 милиони денари, обезбедени преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

– Со овој проект, практично ќе биде допокриен пазарот од околу 5.000 м2. Се доуреди со некои други содржини, како поплочување и изградбата на млечниот пазар.  Градскиот пазар ги исполни сите услови кои треба да ги има едно современо место за пазарење. Ако не е најдобар, спаѓа меѓу најдобро уредените пазари. Впрочем дека пазарот има регионален карактер сведочи и поддршката на Центарот за развој на пелагонскиот плански регион со 4,3 милиони денари. Пазарот не е само прилепски, локален, туку има го користат граѓаните од населените места и од поширокиот регион, па и од подалечни градови – вели Пецо Димоски, директор на ЈП “Пазари”.

По реконструкцијата на пазарот во Битола, следува модернизацијата и на прилепскиот пазар со средства кои се грант од Бирото за регионален развој за уредување на регионалните пазари.

– Средствата се добиени како грант од Бирото за регионален развој, поточно од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 г. Проектот претендира на подобрување на економските услуги, зголемување на протокот на производи и услуги. Значи, е од локално и од регионално значење. Пазарџиите и купувачите ќе треба да имаат поголемо трпение за време на реконструкцијата на пазарот – вели Владимир Величковски, од Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

Пазарењето ќе претставува време за задоволство и забава, а не само нужна потреба за задоволување на неделните семејни потреби не само од зеленчук и овошје. Модернизацијата е доближување со стилот на пазарење во европските метрополи.  

Прилепскиот пазар важи за еден од најстарите и најпосетуваните, но и најмодерен.

– Со овој проект пазарот ќе добие уште поубав и посовремен изглед. Градскиот пазар станува еден од најмодерните пазари со добро поставени услуги. Вложувањата се континуирани, секоја година, последниве 10 години. Планирани се и други проекти за модернизација на пазарот во иднина – вели Димоски.

За следната година планирано е адаптација или реконструкција на управната зграда која е во лоша состојба и поставување на подземни контејнери за отпад, кои ќе бидат први во пазарот во Прилеп.

Отворени нови  дуќани во градскиот пазар

За празникот 11 октомври на свечен начин беа отворени 4 дуќани на површина од 80 м2. со вредност од 2, 8 милиони денари.

Dukani niknuvaat vo sklop na Gradskiot pazar

– Започнуваме со градба уште на 4 дуќани со 50 м2,  вредни 2, 2 милиони денари. Средствата се обезбедени од Локалната самоуправа од одобрената програмата за субвенција – вели Димоски.

За в година планиран е проект за нови дуќани во градскиот пазар на површина од околу 200 м2. 

Loading