ПИНКОВИ ЅВЕЗДИЧКИ ОД ОУ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“

Muzcki talenti vo Belgrad - Kostoska i Trajceska

Надарените Александра Трајческа и Марија Костоска од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ блеснаа на ТВ натпреварот, Пинковите ѕвездички. Дванаесетгодишните музички генијалци, како на светска сцена, го минаа првиот круг.

Трајческа изјави дека í лежи пеењето и сака да го докажи својот талент. Гледајќи ги децата, í никнала желбата да се пријави на аудициите и да го мери гласот со конкурентите во натпејување.

– Имав многу трема и бев возбудена. Откако почнав да пеам, сé си дојде на свое место. Очекувам да се пласира на повисоките кругови –  рече Трајческа.

За Костоска, пеењето претставува најголема љубов. Со голема храброст и со поддршка на родителите се пријавила на аудицијата.

– Бев среќна, оти пеев пред популарни и луѓе на голема сцена. Се изненадив од коментарите на жирито – кажа  Костоска.

Целото училиште ги  бодри двете соученички. 

Loading