БОРЕЊЕ ОД СРЦЕ

Бронзениот медал на Маја Дејкоска    

Devojkata koja e majstor za tusevi - Maja Dejkoska

Еден од ретките спортови е борењето, а уште поредок случај е девојче да биде победник. На Светското армиско првенство во Скопје, меѓу учесници од Бразил, САД, Русија, Турција, Египет, Франција, Мексико и други земји, прилепчанката Маја Дејкоска (19) го понесе бронзениот медал. Иако дисциплината е напорна и за да се постигнат резултати треба континуирано вежбање, желбата за успех и позитивната мисла ја искачија на победничкиот пиедестал.

Почетните стапки биле пред 5 години. Откако почнала да тренира, по три месеци била на натпревар каде била првенец. Првата борба била проследена со многу возбуда и трема, но првото место го направило своето. И влеало многу надеж и храброст, полно елан да тренира. По 6 – 7 месеци, со голем труд и голема љубов кон борењето,  била испратена на Европско првенство каде од 21 земја го освоила 14-то место. Активно се занимавала со спортот. Тренинзите и станале секојдневие без кои не може да си го замисли денот.

Вредната и упорната Маја вели дека борењето и е живот.

– Со времето добив поголемо искуство. Најголемото го стекнав во Сомбор и Аболи во Унгарија. Голема поддршка имам од мајка ми и од најбликите, а благодарна е и на тренерот Сашо Игнатоски – вели Дејкоска.

Храбрата борачка од арената која ги брани боите на боречкиот клуб “7- ми Мај Леов”, до неодамна била во резервниот состав на војската,  а сега е во Воената Академија како доброволен војник. Таа е млада и полетна која му се радува на животот со спортот.

Loading