ДВЕ КНИГИ ОД СНЕЖАНА АЛЕКСИЌ – СТАНОЈЛОВИЌ

Промоција во библиотеката

Стихозбирките „Ода за Орфеј“ и “Ораница” од Снежана Алексиќ – Станојловиќ ќе бидат промовирани утревечер од 19 часот во библиотеката. Јавето на двете дела на српската писателка ќе биде збогатено со рецитирање на стихови и настапот на членовите на КУД “Пере Тошев”.  

Двојазичното издание на македонски и српски јазик, “Ода за Орфеј”, доживеа дваесетина промоции во Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, а минатата година ја доби високата награда “Стојан Христов на Агенцијата за иселеништво во рамките на Струшките вечери на поезијата.          

Првата промоција на поетската книга “Ораница” ќе биде во Прилеп Таа претставува прво издание каде рамноправно се застапени македонскиот, унгарскиот и српскиот јазик. 

Loading