СКУЛПТУРИ И ЦРТЕЖИ ОД ВАСИЛ ВАСИЛЕВ

Изложба на скулптури и цртежи од уметникот Васил Василев ќе биде отворена в понеделник во 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата е од ретроспективен карактер во рамките на прославата на 11 Октомври – Денот на вооруженото востание.

Од 1965 година Василев е дипломец на белградската академија за ликовни уметности. Имал повеќе студиски патувања во Италија, Франција, Германија, Грција… Многубројни се изложбите во земјата и во странство.

Loading