ШАМПИОНИТЕ ОД 5-2 ОДДЕЛЕНИЕ

ОУ „Климент Охридски“

Kup nagradi

Отскокнува со успеси паралелката 5-2 од ОУ “Климент Охридски”. Триесетина деца последниве пет години се мајстори за подготвување на маски за учество на карневалот Прочка. Веќе пет години уживаат да создаваат креации и да нижат награди. Годинава, во соработка со едно од вторите одделенија и раководителите Анче Ангелеска и Цветан Волчески го закитија училиштето со Гранпри награда.  

На врвот се и на општинските и регионалните натпревари. Марко Јаков освоил второ место за рецитирање на локалниот натпревар, а Стефани Петреска ја зеде втората награда за расказ. На повисоко рамниште, на регионално ниво, Филип Дукоски е втор математичар, а Никола Бојкоски и Ангел Ристески се наредија на третото место во категоријата, природни науки. Надареното и напредното, 5-2 одделение го бива и за спорт. Каратистката Елеонора Кавилоска  имаше второ место поединечно и трето со ката тимот. Јаков блесна и беше прв каратист. Паралелката ја красат и двајца прваци во  гимнастика и атлетика. Тоа се Ивана Мазнејкова и Ива Аџиоска. Во фудбалската училишна екипа што е шампион е и другар им Давид Героски.

Инаку, меракот за маскирање децата од 5-2  одделение ги однел дури во Шабац, во Србија, пред две години. Учествувале на тамошната манифестација на “преправање”.

Loading