ОТКРИВАЊЕ НА „ТАЈНИТЕ“ НА АНГЛИСКИОТ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Пет години училиште – Логос 2011

Potvrdeni diplomi od Logos 2011

Без знаење на англискиот јазик и информатиката децата практично се неписмени во 21 век. Отсуството на знаења од англискиот секако е пречка и за полесно совладување на градивата на англиски на секој од факултетите во земјава и во странство. Без англискиот нема и напредок во кариерата.

Токму совладувањето на  англиски јазик од најмали нозе за сите возрасти по признати програми се изведува во училиштето со традиција Логос 2011, што го води професорката Билјана Лазароска. Веќе пет години по заминувањето на претходницата, Логос Оксфорд, Лазароска самостојно изведува курсеви во училиштето низ лесни начини на откривање на “тајните” на јазикот. На крајот од курсот училиштето издава верификувани дипломи за познавање на јазикот во зависност од степенот на курсот.

За осум илјади годишно или најниско илјада денари месечно се обезбедуваат часовите. Како расте бројот на часовите, расте и одговорноста. Преку Логос 2011 се овозможува подготовка за полагање на барани испити, чии цени за високите нивоа, на пример FC испитот, е 8000 денари и повеќе за повисоките испитни категории. Цените ги утврдува и испитот се изведува во Скопје во британскиот совет – British Council.    

Прилепчани, особено помладите родители, се заинтересирани  да им обезбедат услови за учење на англискиот јазик. Сметаат дека е  нужно на децата да им го забрзаат процесот на совладување на јазикот и порано да им ги “опулат” очите. Околу сто посетители секоја година осум месеци следат најразлични нивоа курсеви што се утврдува преку тестирање на знаењето пред влегувањето во училниците. Вратите за учење на англиски не се затворени за никого, односно за сите од 7 до 77 години. Не се ретки случаите и помали од деца од седум години да бидат посетители на часови. Со нив се постигнуваат резултати најлесно низ стилот на пренесување. Децата се “сунѓер” и впиваат  најмногу.

Училиштето подготвува ученици за сертификат за предобро познавање на јазикот. Круната на сите испити – CPE – C2.

– Кембриџ ESOL е единствената англиска институција која потврдува дека Логос 2011 е овластено училиште за подготовка на знаења од англискиот јазик. Нивни претставник во земјава е британскиот совет – British Council. Секој работодавец или некој друг може да провери дали дипломата е соодветна верификација на знаењето. И најновите конкурси бараат виза според оваа програма што ја водам. Така што положените испити по Кембриџ важат цел живот – објаснува Лазароска.

Според неа резултатите веќе се видливи.

– Десетици деца веќе се во странство, совладале факултети, станале доктори на науки дури и новинари во BBC… Учениците лесно се запишуваат на факултет во странство или било каде им е потребно со стекнатото знаење. Затоа кај мене владее задоволство и гордост од постигнувањата на учениците. Училиштето секоја година добива уште една потврда дека ги применува програмите и дека контролите ги даваат соодветните ефекти. Дури располагам со единствен код за подготовка за испити по специјални англиски правила – кажува Лазароска. 

Сопственичката на Логос 2011 е благодарна за стекнатото искуство во фирмата во која работела Логос Оксфорд која престанала поради запирањето на финансискиот интерес на газдите.

Loading