МАРИОВСКОТО АЗНО Е ВО ЈАМА

Легендата за закопаното злато кај Расимбеговиот мост на реката Црна во Мариово има неколку верзии. Првата е дека 16 товари злато, украдено од Отоманската банка во Битола, е сокриено во близина на мостот во Мариово. Таа е понов период, од почетокот од минатиот век. Втората легенда гласи дека во Втората Светска Војна кога се повлекувале и бегале Германците, не можеле понатаму да го носат украденото злато. Затоа закопале големо количество злато во близината на Расимбеговит мост.

Во Зенит беше објавено дека Троја се наоѓа до селото Крушевица каде што има и ден денешен археолошки локалитет. Тешко е да се провни вистината дека Троја се наоѓа во Мариово и дека Ахејско -тројанската војна се случила баш на мариовската територија. Пишував дека на левиот брег од реката Црна, некогаш Ксант, се наоѓа  рамнина. Таму  биле наредени Ахејците и сојузниците. На спортивната страна на реката бил градот Троја. Во 51. ден од војувањето Ахејците и Тројанците извршиле големи разбојништва низ цело Мариово. Ахејците ограбиле многу населби. Од населението го земале златното богатство како предмети и украси. Тројанската војска пак запалила дел од ахејските лаѓи. Затоа Ахејците, при крајот на војната, дел од пленот го сокриле во дупка во Мариово, оти не можеле да го понесат со себе. Бидејќи рамнината немала големо количество земја Ахејците спуштиле дел од ограбеното богатство во јамата на рамнината.

Драган Стојовски

Пломин – Хрватска

Loading