ВМРЕЖЕНИ СО 7 ЕВРОПСКИ ПАРТНЕРИ

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Iskustva niz proekti - SOU Gorce petrov del od megunarodna mreza

СОУ „Ѓорче Петров“ дел е од ЕМПЛОВЕТ проектот во кој се вклучени партнери од седум европски земји. Покрај од Македонија, соработуваат со едукативни установи од Романија, Англија, Германија, Турција, Белгија и Шпанија. Заедно креираат вредни и иновативни ресурси за учење, за да се зголеми важноста на стручното образование според потребите на пазарот и да се поттикне решавање на проблемот на невработеноста на младите.

ЕМПЛОВЕТ проектот или вештини за вработување и работно место за ученици во стручно образование е проект финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на клучната акција 2 – Стратешки партнерства во стручно образование.

– Да се оспособи голем број ученици во средно образование со вештини за вработување, претприемништво и започнување со работа, во период од 5 години е една од  целите на проектот. Потоа да се развијат иновативни и прилагодени на потребите на пазарот материјали за учење и подучување. Да се обучат наставниците  – обучувачите во стручното образование да ги користат креираните ресурси. Да се олесни контактот меѓу расположливата квалификувана работна сила и работодавачите. Да се поттикне транснационалната соработка меѓу провајдерите на стручно образование и  потенцијалните работодавачи. Да се зголеми  прегледноста за стручноста на завршените ученици на пазарот на трудот со тоа што тие ќе имаат стекнато лични вештини. Да се зголеми пристапот кон информации и квалитетно образование за учениците со намалени можниости или различно социјално потекло – објаснуваат за целите од СОУ “Ѓорче Петров”.

Инаку, во јануари се одржа првата транснационална средба во Брисел, Белгија, каде се претстави проектот “ЕМПЛОВЕТ”. Договорени беа наредните чекори. Од 23 – 24 јуни се одржа втората транснационална средба во Билбао, Шпанија, каде беше презентирана содржината на првата верзија на е-модулите.

Loading