ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ СО ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

zabava

За поплавените семејства од Скопје, гимназијалците организираат хуманитарна забава. Младинската организација ќе ја реализира хуманитарната забава вечерва (9 септември) во кафетеријата Вирус. Забавата започнува во 21 часот. Прв ќе настапи Марио Ангелески, потоа “Банда Бенд”, “2Б Оне” и вечерта ќе ја завршат “Трибуте то РАТМ”.

Собраните средства ќе бидат донирани за настраданите семејства од поплавите во Скопје. Сите кои се хумани, се добредојдени.

Не е првпат гимназијалците да имаат забави со хуманитарен предзнак. Освен, што сакаат и знаат да се забавуваат, имаат сенс за социјалните категории граѓани, за лицата со посебни потреби или пак болни од животнозагрозувачки дијагнози кои бараат илјадници средства за лекување во странство.

Хуманитарен карактер има и фестивалот за презентирање на музичките таленти познат како “Гимфест”. Практика е собраните средства да се подарат на загрозени лица или за ублажување на природни непогоди или катастрофи. Традиционално, знаат да бидат хумани за празниците и не ги забораваат осамените и згрижените во институциите. 

Loading