ОД ЛУЛКАТА ТРОЈА НИКНА АЛКОМЕНА

Во вашиот неделник од 2 септември наидов на интересниот наслов, “Бучинци – потомци на древниот град Алкомена – Тврдина на Македонските кралеви”.

Љубен Стојановски од Бучин, во својата книга “Илијана или Илион”, ја има најблиската теорија дека овој археолошки локалитет, Алкомена, бил градот Троја, и ахејско-тројанската војна се водела на овие простори кај Мариово и Прилеп. Со писмово сакам дефинитивно да сфатат градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, Ели Луческа, директорката на Институтот за старославенска култура, и археологот Бранислав Ристески дека на древната мариовска и прилепска територија каде што се наоѓа планината Селечка, на местото Висока бил изграден градот Теукар, каде што владеел кралот Теукро, а на древната мариовска и прилепска територија биле изградени помали населби од државата Теукрија. Археолошкиот локалитет до селото Крушевица во 12 век п.н.е. бил градот Троја. Дардан и Бареа таму ја изградиле првата населба. После смртта на Дардан го наследил неговиот син Ерихтоније, а тој имал син Трој. Оваа населба Дарданија добила име Троја. Трој имал два сина Ил и Асарак. После смртта на Трој го наследил неговиот син Ил. Кралот Ил ја нарекол населбата Илион, од каде потоа се изградиле населбите во мариовската и прилепската територија и која се викала државата Илијана. На древна мариовска и прилепска територија биле изградени и населбите Антандер, Витолиште, Аризба, Кила Хамастит, Метеода Карец. Тоа се археолошките локалитети кај селата Дебреште, Десово, Житоше, Долнени, Бонче, Чаниште, Чепигово, селото Дабница, Колаобаиса, Бучин – Алкомена,… Кралот Ил и помалиот брат Асарак со неколку фамилии го напуштиле гратчето Илион. Фамилијата на Асарак со неколку семејства се населила на древната битолска територија. Асарак со неколку жители се доселиле во место Железнец. По смртта го наследил неговиот син Капис. Годините минувале и населбата станувала сé поголема. Капис имал син кој се викал Анхиз. Неговата жена се викала Афродита која подоцна имала син Енеј. Населбата станала мали град кој се викал Лирнес, денес археолошкиот локалитет Градиште Железнец. Другата фамилија била Афитрон која се населила на древната битолска територија. Жената се викала Алкена. И таа била кралица на градот Теба, Афитрон и Алкмена. Со синот Херакло со годините ја проширувале населбата. Во меѓувреме умрел Амфитрон и Херакло станал крал, а населбата ја нарекле Хераклеа. Тој се оженил за Ауге. Гп родиле синот Телефен. Оваа древна битолска територија била наречена државата Дарданија, која се ширела и на охридската територија, каде бил изграден градот Дамастиони – Лихнидас. Херакле бил неколкупати гостин во Троја, која не била заобиколена со одбранбени бедеми. Во 12 век п.н.е. жителите од Троја го прогласиле Херакле за бог и родоначалник на кралевите куќи. Македонските археолози пронашле керамичка плочка со ликот од Херакле на локалитетот кај селото Крушевица. Во 12 век п.н.е. овој археолошки локалитет кој бил Троја, Ахејците и нивните сојузници, го запалиле и го срамниле со земјата во ахејско тројанската војна. Пред да почне борбата за Троја, ахејските војници дошле со лаѓа бидејќи во близината течела реката Ксант, Црна, и се наредиле на една рамнина. Изградиле камен мост, што денеска се вика Расимбегов мост. Ахејците напаѓале 51 ден, потоа палеле и до темел и ги уривале сите населби. После завршувањето на ахејско тројанската војна, опустените територии ги обновил и изградил нови, Македонскиот крал, Филип 2.  Така се кренеле Пела, па од урнатите темели на Херакло, никнал новиот град Алкомена, кај селото Бучин.

Оваа античка македонска цивилизација со која владееле многу македонски кралеви траела до 1 век п.н.е., кога римското царство ја покорило античката македонска држава. Римјаните во сите градови донеле римска култура. Градот Херакло добил ново име Хераклеја Линкестис, градот Дамастион добил ново име, Лихнида и тн. 

Македонците кои живееле во мариовската, битолската и охридската територија се Дарданците, нашите предци. До ден денешен, никој не знае и не сака да знае за древната македонска дарданска држава, која е избришана од историјата. Античките Македонци со кои владееле неколку кралеви од Филип 2, Александар 3, па до последниот, се знак дека бучинци имаат право да се гордеат со  тврдината Алкомена.

Овој текст е вреден да дојде до работните маси на археолозите и повеќе да не се игнорира вистината, а прилепскиот, битолскиот и мариовскиот крај да станат светска туристичка дестинација. Времето го носи своето. Во Македонија ќе дојдат нови луѓе кои ќе ја прифатат вистината дека Троја е археолошкиот локалитет до селото Крушевица. Надежта умира последна.

Драган Стојовски крај Ријека – Хрватска

Loading