НЕЗАВИСНОСТ – 25 ГОДИНИ

Одбележан 8-ми Септември

Pred spomenikot Karpalak - delegacijata od OK na VMRO-DPMNE

Пред спомениците на сите втемелувачи на државотворноста, слободата и независноста кои придонесоа Македонија да биде татковина во која живее слободарски дух со напредни идеи за подобра иднина, делегациите од локалната самоуправа, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија, положија цвеќе по повод 8 Септември. Денот на независноста на Македонија го одбележаа оддавајќи им почит на прилепските дејци кои ги втемелија своите идеали и животи за слободна и самостојна држава.

Цвеќе беше положено на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски – Питу, пред спомениците на Пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот “Карпалак”.

{AG}417/25{/AG}

По повод 25 години од независност на државата, во националната програма за одбележување на 8-ми Септември насловена “Бела ноќ” се вклучи и Центарот за култура “Марко Цепенков”. Беше организирана изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп, а со концерт настапија и учениците на ОМУ “Ордан Михајлоски Оцка”.

{AG}417/bn{/AG}

Loading