ЕРУПЦИЈА НА ЛАМЕЛИ, ГУРТНИ….

Вулкан Компани

Najeftino za vrven kvalitet - Dean Stojkoski

Вулканот е симбол на природна моќ. На асоцијацијата за силата  и на темелите на фирмата на својот татко Божидар и својот дедо Јордан, третата генерација, најмладиот и најенергичниот, Деан Стојкоски ја продолжува семејната традиција за снага на малиот бизнис, пренесувана од генерација на генерација. Од 2009 година ориентација на фирмата е трговијата со потрошни резервни делови за автомобилите, автобусите, товарите превозни средства и трактори. Станува збор за специјализирана фирма за промет со деловите за сопирачкиот и трансмисиониот систем на возилата или популарно кажано, промет со гуртни, плочки, ламели, друк лагери, потисни плочи… Во Вулкан компани “еруптира лава” од раскошна понуда на сите квалитетни производители на потрошните делови на превозните моторни средства, а кои имаа најдолг век на траење. Затоа фирмата е стабилна и е во добра бизнис кондиција од раѓањето до денес и со силна тенденција за напредок.

Стојкоски се гордее што успеал да ги освои симпатиите и да ја обезбеди довербата за ексклузивитет од страна на најдобрата фирма за оваа програма, а тоа е рехабилитираната македонска компанија во Кочани, Руен Инокс автомобили. 

–  Не само од Кочани, туку и од други познати светски компании нудиме елементи за системите за пренос и сопирање со врвни, тестирани докажани квалитети. Понудата е раскошна. Нема марка и модел на автомобил, камион, трактор за кои немаме делови во палетата. Во секој момент, 24 часа, им стоиме на располагање на возачите, односно на механичарите кои ги сменуваат истрошените делови со нови. Во тој контекст, и цените за квалитетот не се високи, туку солидни. Работната девиза е најмалку пари, најефтино, за врвен квалитет. Муштериите да не шетаат и да проверуваат на други места, туку да бидат уверени дека нема пониска цена и подобар квалитет – објаснува младиот Стојкоски.

Со застанувањето на кормилото мечтаел да биде партнер на Руен… Претендирал да ги исполни критериумите, да ја одржува и надградува фирма и од партнер да се претвори во соработник од респект на полето на големопродажба за југозпадниот и западниот регион во земјава.

– После години искуство со обострани добри односи и интереси со Руен… веќе го добив ексклузивниот статус да бидам нивни единствен претставник за продажба на производствена програма за помалите фирми. Веќе се берат плодовите. Сопствениците на продавниците за резервни делови од Битола, Охрид, Македонски Брод, Ресен, Кичево и други места не патуваат за Кочани или не го чекаат нивниот деловен човек да дојде да нарачаат, па да добијат. Во Прилеп за најкус период земаат или ги испраќаме потребните делови. Предноста е во близината, помалите трошоци и брзината, а и во практичноста и заштедата не само во време. Помалите фирми можат експресно да им излезат во пресрет на своите муштериите. Ние сме им на дофат, блиску и веднаш се организира испорака или доѓаат со готови порачки. Подобро за сите алки во синџирот од производителот до крајниот потрошувач – кажува Деан Стојкоски.

Вулкан компани не мирува, туку го унапредува бизнисот со постојана потрага по нови производители, со што ја збогатува  сопствената понуда и им овозможува на муштериите разновиден избор во доменот на потрошните делови на моторните возила од каков тип и да се.    

Loading