БУЧИНЦИ – ПОТОМЦИ НА ДРЕВНИОТ ГРАД

Дали Алкомена е тврдина на македонските кралеви

Алкомена или селото Бучин бил древен антички град од пред 2500 години. Неколку илјади години се исти климата и плодородието на земјата. Луѓето од Алкомена биле и се лични и умни. Личат на статуите од Стибера и Хераклеја. Потврда се материјалните докази на потомците на боговите и кралевите што живееле на тој простор. Не се менува панорамата на било кое село. Илјадници години реките течат, земјата раѓа, шумите диво се возвишуваат. Ист е и хоризонтот со врвовите на планините што го ограничуваат полето. Над него, небото и сонцето се исти. Постојат артефакти на македонскиот народ, а тоа се творечките жигови – уметничките предмети, орудијата, парите ковани во сопствени ковачници. Алкомена е еден од градовите кренати од Филип Втори.

Според Ангелина Марку, некој нашинец од странство, со потекло од Бучин, и кажувал дека забележал оти ликовите на луѓето на сликите во книгите од нивното село биле слични со фреските во црквата.

– Ми рече дека небескиот одред на ангели, слетал на ѕидовите на црквата и манастирот. Според него, го бранат народот за вечност кршно момче, рунтав и црвенкаст како борците на Пелагон и како македонските водачи од фалангата со исто оружје и смирувачки изглед – пренесува Марку.

Забележала на неговата физиономија дека му блескаат забите  и имал широка насмевка како Македонците што живееле кај Бучин, а што ги опишува Хомер.

– Според Хомер, девојките сјаеле од убавина како богинки. И странци кои минувале низ Македонија го забележале овој убав народ, способен и гостоприемливи. Генот останал  ист,  колку да го накршнува времето и генерациите – кажува Марку. 

Според неа, бучинци се наследници на Алкоменците. Тие се  жилави луѓе, кои, збиени, преживеале неколку милениуми. Селата се збиле во еден синџир од сињори и живеат сложно како и некогаш, под власта на античкиот град Стибера од двете страни на Црна Река.

Селаните не смеат да ораат подлабоко од 30 см, оти од земјата излегува лесно кршлива керамика, потоа мермер, железо. Се кршат плуговите на тракторите. И патиштата се на истите антички основи. По дожд светкаат исплакнати монети и стара бронза, како да се рудници за антички предмети од минатото до сегашноста. Никој не знае што крие земјата и колкаво е археолошкото богатство. Само некои храбри “истражувачи” дивеат и се обидуваат да присвојат дел од нашата историја. Слабо е заштитено неоткриеното старо богатство што цивилизациите го дарувале во изобилие просторот. Пелагонија е милениумски ковчег, зашто таму живееле воините на античките Македонци кои се вратиле од освојувачките походи на тогашниот познат свет.

Кога и да е, мистичната Алкомена ќе прорти од земјата.

Loading