СЛИКА ОД ПЛАТНО НА КОЖА

Тату студио СКИНК

Umetnost na telo - delo na Trajkoski

 

Занимавајќи се со сликарство 15-16 години во домашни услови, Тони Трајкоски, на предлог од пријател, во 2014 година ја стартува приказната за тетовирање во студиото “Скинк”. Токму првото искуство во тату светот биднало во дуќанот. Цртањето од хоби, го развил во бизнис. Адут не само што му биле рацете, туку и окото, “гладно” за уметност.

– Тетовирав без да мислам многу дали можам или не можам. Ми беше мерак, иако имаше разлика меѓу цртањето на платно и на кожа. Но, она што го знаев и го работев дома со сликарството, ми беше добра подлога и отскочна штица да навлезам во тетовирањето – вели Трајкоски.

Почнувајќи од студиото, сé околу Трајкоски е врзано за уметност. Ѕидовите се нашарани со творештво на неговите вешти раце, а околу се обесени и сликите, долго време “криени” дома. Сега блеска уметноста, на бело-видело.

Располагајќи со високо квалитетни органски бои, создава боди арт од секакви стилови и мотиви, од букви, до портрети, по мерак на муштеријата. Со дар на оригиналност, на тетоважите им дава “душа и живот”. Дури ги прекрива старите и тетоважи “кои повеќе не се по ќеф”. Максимално ги сокрива без да остави трага. Не постои мотив кој не може да го наслика на кожата, без разлика на кој дел од телото станува збор. Сето тоа со пријатен разговор, ефикасен договор и незаменлива атмосфера. Со времето направил бум во боди артот, спојувајќи различни приказни и луѓе, со спефичниот талент за цртање, персонализирајќи го секој посебно во слика, и што е најважно, ги научувајќи ги клиентите зошто таа слика станала дел и од нивните животи.

– Оставаш доживотен печат на нечија кожа. Тоа го прави овој занает посебен. Првин е до мајсторот, а веднаш потоа до опремата. Занаетот бара прецизност, колку може мајсторот да импровизира, колку поинтересно да биде и секогаш се внесува имагинација. Во техниката сум еден од најмладите со дуќан, но има место за напредок. Почнав со обични машинки за тетовирање. Сега располагам со екстра квалитет “Dragonfly” од Инк, кои овозможуваат поголема брзина и прецизност – објаснува тату мајсторот.

Функционира по принципот “задоволниот муштерија носи друг, трет”. Воодушевени од крајниот резултат, не ретко добива комплименти од типот: “Браво мајстор, секоја чест, цар си за тетоважи”. Освоил и многу странци од дијаспората, кои доаѓаат за одморите, меѓу кои и 50 годишници. Тату мајсторот Трајкоски го слика верно саканиот мотив на кожата и на сé поголем број жени. Храбро и вешто пренесувајќи ја сликата од “платно” на човечкото тело, сé повеќе станува виртуоз на алтернативната уметност.

{AG}411/skank{/AG}

– Ги слушам предлозите од муштериите и одговарам на сите прашања поврзани со тетовирањето, цртањето и изработката на дизајнот за тетоважата. Некои доаѓаат со свои идеи, други бараат совети, а финалната креација е комбинацијата. Особено внимание посветувам на стерилност – додава Трајкоски.

Меѓудругото, не ја запоставил првата љубов – сликарството. Паралелно, покрај уметноста на платно, црта ѕидови во станови и други објекти. Учествувал и во емисијата “Ајде дома”, а од септември ќе има и постојан ангажман за средување на станови со уметност.

– Работам со ќеф. Уживам во сé што е поврзано со уметноста. Особено ми го заситува окото кога тетоважата има содржина, било да е портрет или слика – вели уметникот.

Несомнено, тату студиото “Скинк” е место каде се добива квалитет, стерилност, прецизност, автентичност, оригиналност, врвна уметност, како и инспирација за уште една тетоважа. Затоа, Трајкоски, се носи со идејата за проширување на дуќанот со посебен простор како изложбен салон на неговите уметнички слики на платно.      

Loading