ГЕНТЕРМ СТАВЕН ВО ПОГОН

Американска инвестиција во индустриската зона Алинци

Во инвестицијата од 25 милиони евра ќе се ангажираат вкупно 2.000 работници

Se prsece lenta

Првиот објект од 10 илјади метри квадратни со најсовремена опрема каде веќе се ангажирани околу 450 работници на американската компанија Гентерем официјално е ставен во функција во технолошко индустриската зона Алинци.

Според Алек Никоски, советник во македонската влада, инвестицијата е околу 25 милиони евра, во која ќе се ангажираат вкупно 2.000 работници, а објектот од десет илјади метри ќе се дуплира.

– Менаџментот потврди дека во Прилеп ќе се прават сите нови нарачки на автомобилски делови за Европа, меѓу кои и уредите за термичко регулирање на батерии. Овој уред ќе биде првпат произведен во Прилеп. Инвестицијата ќе креира и нови работни места во локалната економија. Вложувањето е плод на долгорочната успешна политика на владата во сферата на привлекувањето на странски инвестиции. Доказ на изразито позитивната бизнис клима е добиената доверба од Американците во силна конкуренција од 12 зони во пет земји во Европа – рече Никоски.

Премиерот Емил Димитров рече дека со отворањето на првата фабрика во зоната Алинци почнува нова позитивна ера

Del od prvite 450 rabotnici

– Зоната ќе биде дом на многу фабрики, каде многу луѓе ќе го најдат своето вработување. Преговори има и со други компании и оваа е почеток на позитивната приказна – нагласи Димитриев.

За менаџментот на Гентерм, вложувањето во земјава е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа.           

– Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како Бентли, Рено,БМВ, Порше, Фиат.. – рече Даниел Кокер.

Nikna moderna fabrika od pasiisteto za kravite

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, отворањето на компанијата во зоната во Прилеп дополнително ќе придонесе за намалување на невработеноста која последните 10 години е намалена за над 40 отсто.

– Гентерм е доказ за одличните бизнис релации меѓу Македонија и САД. Девет од 23 фабрики во ТИРЗ имаат американски капитал со инвестициско портфолио од над 150 милиони евра. За година – две, се очекува бројот на вработени во американските компании во Македонија да достигне над 10.000 лица. Македонија добива многу од економски аспект со инвестициите на странските компании – истакна Пешевски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски оцени дека е остварено уште едно ветување.

Gordost za menadzerskiot tim

– Инвестицијата вредна 25 милиони евра ќе обезбеди за 2.000 семејства егзистенција, стабилност и планирање на иднината. Инвестицијата е силна додадена вредност за развој на економијата на Македонија, но и обезбедување на економски развој на Прилеп  и околината. Ваквите инвестиции се погон за забрзување на економијата, зајакнување на извозот и поттикнување на домашната економија. Ова е доказ дека се исплатува истрајноста, посветеноста за решавање на  проблемите на граѓаните – изјави Груевски.

На свеченото отворање присуствуваше и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Во септември, во индустриската зона ќе биде пуштена во работа фабриката на германската компанија Акумпласт, која ќе произведува пластични делови за автомобили.       

Za airlija pukna i sampanj     

Loading