СЕ РЕКОНСТРУИРА СТАДИОНОТ И СЕ ПОДИГНА СПОРСКА САЛА

Nov stadion po 4 decenii

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се реконструира. Во завршна фаза се активностите за изградбата на спортската сала во ОУ „Добре Јовановски“. Двата спортски објекти ги посети лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски заедно со градоначалникот Марјан Ристески, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на ФФМ, Илчо Георгиевски.

– На стадионот, со 750 – 800 илјади евра од Фудбалската федерација преку програмата на Сеттрик УЕФА, се реконструира теренот, се гради нова дренажа, илуминација. Моментно се гради дренажата, а наскоро и столбовите за рефлекторите. Подоцна, со општински средства од околу 500 – 600 илјади евра, ќе се реновира едната од трибините и ќе се доизградат другите трибини, со што стадионот ќе биде оспособен за користење со капацитет од 12 илјади седишта.

Стадионот е изграден пред 40 години. Оттогаш не е реновиран, а во иднина преку јавно приватно партнерство се планира да се изградат и објектите под трибините, како и да се покрие дел од стадионот – истакна градоначалникот Ристески.

Се очекува стадионот целосно да биде готов за неколку месеци.

– По реновирањето, прилепската фудбалска арена ќе биде од трета категорија и ќе ги исполнува услови за меѓународни натпревари, вклучително и на репрезентативно ниво – рече претседателот на ФФМ, Илчо Георгиевски

Спортската сала во ОУ “Добре Јовановски” е од типот на големи сали со трибини за 450 посетители, соблекувални и повеќенаменски спортски игралишта за ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал.

– Речиси е готова четвртата спортска сала во Прилеп. Инвестицијата е 42 милиони денари. Во салата ќе може да се игра мал фудбал, кошарка, ракомет одбојка, гимнастика  и други спортови – изјави Груевски.

Салата ќе биде готова до почетокот на учебната година, а ќе може да ја користат и граѓаните, како и клубовите за тренинг.

Loading