ПРЕД ФИНАЛИЗАЦИЈА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со градоначалникот Марјан Ристески  го разгледа текот на градбата на новиот канализациски систем во Прилеп, којшто се гради со средства од ИПА фондовите и владино учество од 30 отсто.

Според Ристески, Прилеп ќе има целосен третман на отпадните води со пречистителна станица

– Комплетно ќе се исчисти Градската река, која е загадена и е без жив свет – рече Ристески.

Тој посочи дека е завршена првата фаза на канализацискиот систем долга 23 км, а во втората фаза се градат 47 км. Опфатени повеќе населби во кои биле без канализација или била стара 50 години и со нестандардни димензии. Новиот канализациски систем ќе ја  сепарира фекалната и атмосферската вода.

– Првично беше предвидено инвестицијата за изградба на канализацискиот систем да чини 30 милиони евра, но со тендерите се намали на 26 милиони евра – рече Ристески.

Груевски и Ристески го разгледаа село Големо Коњари каде се градат улици и плоштад со средства на Агенцијата за поддршка на руралниот развој. За реконструкција на улиците во селото и за изградба на канализација, пречистителна станица и нов плоштад се вложени околу 30 милиони денари. Изградени се 800 метри нови улици.

Ристески најави дека за годинава е планирано градба и на детска градинка за што се обезбедни средства. Претходно се реновира основното училиште.

Loading