КОНТИНУИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

„Изминатите десет години реконструирани се над 450 училишта во државава и се вложени над 50 милиони евра во подобрување на образовната инфраструктура во земјава“.

Ова го посочи Никола Груевкси, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Постојано се вложуваат големи средства за реконструкција на што е можно повеќе училишта.

– Континуираните вложувања во реконструкција на училиштата во Македонија е една од главните активности. Огромен број училишта се веќе реконструирани. Сега почна третата фаза во која се реконструираат последните 20 од предвидените 60 училишта за  годинава. Во Прилеп, изминантите 10 години, се реконструирани сите училишта. Некаде е променет покривот, некаде подот, некаде целосно училиште, некаде се обновени тоалетите, некаде дограмата… Нема училиште во кое, во овие десет години, немало поситна или покрупна интервенција, односно целосна или делумна реконструцкија – рече Груевски.

Груевски нагласи дека реконструкцијата и обновата на училиштата во Македонија останува една од главните определби во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата.

Loading