НОВИ ВЛОЖУВАЊА ВО УРЕДОТ

Здравствениот дом во континуитет се реновира, реконструира и го подобрува квалитетот на услугите и на условите. Се реновира школската амбуланта за превентивна здравствена заштина на деца од 6-11 годишна возраст.

Според В.Д. директорот, Натали Ѓошоска, се менува водоводната и одводната мрежа, ќе се менува електричната инсталација, подните подлоги и целосно ќе се реновираат ѕидовите.

– Во тек е тендерот за избор на најповолен понудувач на мебел за одделението. Продолжуваме со други проекти. Средствата од еден милион денари се од сопствени извори – вели Ѓошоска.

Паралелно,за лабораторијата се добиени софистицирани апарати. Министерството за здравство инсталира американски биохемиски апарат кој за еден саат прави 400 биохемиски анализи и 400 наоди на електролитен статус.

– Апаратот ги врши сите можни анализи за кусо време или до околу 10-11 ч наутро. Излегувме во пресрет и побрзо. Имаме надворешна контрола Пререкал, од Барселона, од која секој месец ни даваат непознат серум, а ние им издаваме резултати. Добивме златна плакета за добрите резултати – појасни Билјана Рикалоска Јованоска, раководител на лабораторијата при Здравствен дом.

Здрваствениот дом има пет дисперзирани единици во селата Дебреште, Ропотово, во општините Кривогаштани и Крушево и  лабораторија во Тутунски комбинат и и пет амбуланти за трудова медицина, каде се работат основните анализи.

Loading