ПАТУВАЊА ПО МЕРКА И МЕРАК

Zadovolnite klienti davaat sila za novi angazmani i   aranazmani - T.A. Dama Travel

Дама Травел

Со претходно повеќе од десетгодишно искуство, Давор Карески запливал во бизнис водите носејќи се со идејата за сопствена туристичка агенција со поширок спектар на понуди. Млада по стаж, но зрела во искуството на сопственикот Карески е агенцијата “Дама Травел”. Со амбиција да внесе и дел од креативноста во понудата на туристичките услуги и со намера за збогатување со нови атрактивни содржини, соработува со сите агенции од земјава. На едно место се најдуваат сите можни аранжмани. Претежно ориентиран е на летувања, не изоставувајќи ги екскурзиите, зимувањата, празничните и викенд понуди. Располага со лиценца Б, притоа соработувајќи со странските колеги за организирање на патувањето.

– Мисијата е унапредување на квалитетот на живот со организирање и реализирање на разни видови на патувања ширум светот. Патувајќи со нас сакаме клиентите да стекнат нови радосни искуства за паметење, а животот да го облагородат со нови сознанија и мудрости од сите краеви на светот. Внимателно ги избираме партнерите во земјава и во странство, правејќи патувањето да биде според замислата на клиентите  – вели Карески.

Императив им е квалитетниот сервис, а задоволството на клиентите од услугата им е водилка. Пристапувајќи на потребите на клиентите со најголемо внимание да им се овозможи квалитетно патување за вложените пари, се поредуваат меѓу најразновидните и најповолните туристички агенции. Кројат патување, по мерка и мерак на клиентите, проширувајќи ги нивните видици преку запознавање со историјата, културата и обичаите на другите земји, со многу забава и разонода, по прифатливи цени, прилагодени на секој поединец. Организираат тури во најголемите светски метрополи, како Истанбул, Прага, Рим, Верона, Венеција, Милано, Париз, Барселона, Мадрид… За летнава сезона нудат широка понуда за одмор и патување на едно место по принципот за секого по нешто. Актуелни се аранжманите за Грција, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Шпанија… со избор за хотелско или приватно сместување. Со користење на неколку глобални онлајн резервациони системи, преку нив се најдуваат и чартер летови за цел свет, обезбедувајќи авионска билет, трансфер, односно комплетен туристички сервис. Од годинава имаат организиран превоз директно од Прилеп. А попустот и поволностите се загарантирани.

– Колку и да е неможно однапред да се осмисли и состави програмата за патување, за да се задоволат сите желби, потреби и вкусови на потенцијалните патници, формиравме посебен стручен тим кој е спремен да го сослуша и прифати секое барање на клиентот и врз основа на тоа да предложи “посебна програма за патување”. Се трудиме да дадеме исцрпна и точна препорака, со оглед дека секој потенцијален клиент најдобро знае што да очекува од својот одмор, што најмногу ќе го релаксира, потоа, колку е подготвен да издвои за летувањето, и од нашата богата понуда ќе одбере дестинација и сместување според своите параметри – појаснува искусниот Карески.

Од година во година расте бројот на задоволни клиенти. Успеале да бидат во тренд благодарение на максималната посветеност на муштериите и способноста за брзо прилагодување на динамичниот свет. Ги усогласуваат аранжманите со барањата за да се исполнат фантазиите.

– Мерливоста на успешноста ја согледуваме низ постојаното враќање на клиентите. Задоволните муштерии даваат сила за нови ангажмани и аранжмани. Водилка е клиентите да добијат повеќе од платеното – додава Карески.

Сé повеќе ги прошируваат понудите, склопувајќи договори со квалитетни туроператори – партнери од земјава и странство, при тоа задржувајќи и унапредувајќи го постојниот квалитет. Меѓудругото, Карески, се носи со идејата за сопствен закуп на апартмани.

Loading