ИЛИЕСКА Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА УЈП

Ilieska na celnata pozicija vo UJP

Прилепчанката Анастасија Илиеска е новиот директор на Управата за јавни работи (УЈП). На функцијата доаѓа од позицијата државен секретар во МВР. Досегашниот привремен  директор на УЈП, Петар Есмеров, се враќа на претходната позиција директор на скопската Управа за јавни приходи.

Илиеска е дипломиран економист. Од 2001 до 2014 година работела како самостоен даночен советник во УЈП, а во периодот од 2009 до 2014 г. била член на советот на Општина Прилеп. А во екот на мигрантската криза беше активна на терен и со меѓународни претставници ги посетуваше бегалците на Табановце и во Гевгелија.

Loading