
Промоција на монографијата „Сеќавања за Прилепската пиварница“ имаше во Скопје претседателот на Управниот одбор на Пиварницата, Кирил Самарџиоски. Поттикнат од почетоците на работењето на Пиварницата, Самарџиоски со многу факти, податоци, документи, информации, корисни за фабриката, но и за економијата на нашата земја, дава осврт преку текст и слики преточени во книга. Монографија е пишувана неколку години, инспирирана од срце од првиот ден на неговата работа досега. Меѓу кориците авторот ги потенцира предизвиците на компанијата низ времето и достигнувањата и позицијата во која се наоѓа сега.
![]()

